Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев очекува почеток на преговорите со ЕУ во јуни 2018

4
By Нова ТВ on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 6, 2017 17:16

Премиерот Зоран Заев денеска учествуваше на Виенскиот економски форум „Дијалог за иднината 2017“ кој што се одржува во Виена. Заев имаше обраќање на панелот на тема „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“.

– Мала економија како нашата потребно е да биде успешно интегрирана во регионалните и светските економски текови –  истакна премиерот Заев.

Како сериозен исчекор што владата го направи кон исполнување на оваа цел, премиерот Заев посочи на Планот за економски раст за којшто рече дека овозможува значајна поддршка за нови домашни и странски инвестиции со еднаков третман, како и поддршка за развојот на домашните мали и средни претпријатија.

-Еден од најважните елементи во напорите на Владата на Република Македонија за обезбедување на одржлив економски раст, е да го осигура започнатиот прогрес на земјата во интеграциите во ЕУ и НАТО. Република Македонија ги споделува европските вредности. Наредните чекори што ги преземаме ќе значат конкретно исполнување на европските стандарди -истакна премиерот Заев.

Пред присутните гости и учесници на форумот, премиерот Заев особено ја нагласи определбата на владата да гради добрососедски релации и регионална соработка како врвен приоритет и стратешка цел во процесот на европските интеграции на земјата.

– Клучна цел на нашата влада е да изградиме нов дух во односите со нашите соседи. Мора да бидеме искрени и да си признаеме дека ова не е лесна задача. Потребна е цврста политичка волја. Но дозволете ми да ве уверам, дека ние сме одлучни да го осигураме тоа што е потребно, а тоа е силна и цврста политичка волја. Успеавме да постигнеме резултати по ова прашање, преку отворен дијалог за не затворените прашања и константни напори да градиме мостови на соработка базирана на заедничка доверба и почит – потенцираше премиерот Заев.

Во насока на зголемување на регионална соработка, премиерот Заев истакна дека Берлинскиот процес е многу важен и во тој контекст порача дека земјите од регионот мора да напредуваат кон исполнување на неколку приоритетни цели како што се инфраструктурното поврзување, нови инвестиции и отстранување на пречките за трговија и бизнис, како и зголемување на видливоста на предностите и користа за граѓаните што ги овозможува членството во ЕУ и НАТО.

– Важно е регионот да биде вклучен во европската агенда за поврзување во транспортот и енергетиката. Тоа е причина плус зошто земјите од Западен Балкан го потпишаа Договорот за транспортна заедница – посочи премиерот.

Премиерот Заев рече дека земјите од регионот треба да го искористат огромниот потенцијал од 20 милиони купувачи што го овозможува европскиот пазар и во тој правец важно е и отстранувањето на пречките за водење бизнис помеѓу земјите од регионот, со прилагодување на даночните и правни системи согласно европските стандарди.

– Наш следен важен чекор во нашата агенда за регионална соработка е спроведувањето на Акцискиот план за регионална економска зона. Активностите поврзани со дигиталната агенда се пример којшто ја следи европската стратегија и приоритетите на Унијата: дебатата за концептот на Дигиталниот Самит 2018 во Македонија започнаа, и се договоривме за важните аспекти. Македонија ќе биде домаќин на претстојниот Самит 2018 во Скопје – соопшти премиерот.

Тој истакна дека Европската Унија сериозно демократски и економски инвестира во регионот и од тие причини посочи дека е вистинско време да се круниса таа инвестиција со комплетиран ЕУ и НАТО интеграциски процес на целиот Балкан, дека е создадена поволна средина за проширување на ЕУ, пораките се позитивни и исклучително значајни во услови кога Европската Унија се соочува со сериозни предизвици.

– Стратегијата за ЕУ проширување којашто ќе биде најавена од претседателот Јункер во февруари, 2018 година и Самитот на Западен Балкан во Софија, мај 2018 година се круцијални за осигурување на европската иднина за Македонија. Очекуваме јасен патоказ за пристапниот процес на Македонија. Ниту една од земјите не треба да биде оставена. Прв клучен чекор треба да биде датум за почеток на пристапните преговори до јуни 2018 година врз основа на резултатите што ќе ги постигнеме во реформскиот процес преку спроведување на реформскиот план 3-6-9. Европа е економски и политичка посилна. Сите заедно треба да го искористиме овој нов моментум –  порача Заев на крајот од своето обраќање на Виенскиот економски форум ,,Дијалог за иднината 2017“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 24, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

ВЕСТИ July 24, 2026

Унгарскиот премиер истакна дека заемот кој ѝ е даден на Македонија е со многу поповолна…

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.