Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на Централниот одбор на партијата рече дека очекува за брзо време да почнат преговорите за формирање на нова влада.

„По 11 години режим, СДСМ ја доби честа и одговорноста од граѓаните да ја предводи новата демократска, реформска Влада на заедничка, унитарна, европска Република Македонија, којашто ќе обезбеди квалитетен живот за сите граѓани. Наш приоритет остануваат граѓанските и државните интереси, ве повикувам да ја продолжиме сериозната посветеност кон овие клучни цел“, рече Заев.

На денешната седница, членовите на Централниот одбор на СДСМ го утврдиле и датумот на редовниот 22. Конгрес на партијата.