Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Брисел повика в сабота на прослава за поканата за НАТО

0
By Нова ТВ on July 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 12, 2018 11:11

Премиерот Зоран Заев утринава, пристигнувајќи на вториот ден на самитот на НАТО, ги повика граѓаните на Македонија на 14 јули на заедничка прослава во 15 градови низ земјата за да прослави поканата за НАТО како голем успех за сите граѓани.

-Од денеска Македонија оди само напред а граѓаните нижат уште еден голем испех. Честито Македонија. НАТО одлучи да биде врачена покана да станеме 30 членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји на светот. Ова е покана за полноправо членство во најголемиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена. Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваривме нашите заеднички страшетки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Да продолжиме да чекориме до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме “да” за нашата иднина и за македонската иднина. Ве повикувам во сабота, на 14 јули, да прославиме заедно во градовите низ Македонија. Владата подготвува прослави во 15 градови каде што со домашна музика ќе си честитаме затоа што одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, изјави Заев во своето обраќање до граѓаните.

Потоа тој додаде дека ова е исполнување на нашите децениски стратешки цели:

-Самата покана, чекорењето напред, самиот почеток на датумот за преговори за ЕУ се исполнување на нашите стратешки цели и нашите деценски соништа како народ, нација како Република Македонија. Јас сум убеден дека нашиот народ силно ќе ја поддржи оваа иднина затоа што тоа ги заслужуваме таа иднина. Уверен сум дека на следните чекори, на рефердумот, граѓаните ќе испратат сериозна порака во момент на исправеност пред својата иднина. Уверен сум дека граѓаните се најголемите поддржувачи на иднината на Македонија во НАТО и ЕУ, вели тој.

На прашањето дали добил пораки од светските лидери на синоќешната вечера со земјите членки во Брисел Зааев рече:

– Ова се луѓе што го водат светот, најголемите светски лидери – престедателот Трамп, канцеларката Меркел, претседателот Макрон…. да не зборувам за сите светски лидери. Јас сум многу среќен што го доживеав тој момент кога ги гледав среќни сите овие светски водачи заради Македонија. Сите на некој начин пријдоа, честитаа, посакаа успех, понудија помош и поддршка. Среќен сум што го доживеав моментот да ја водам извршната власт во Република Македонија кога на Македонија и се случуваат вака убави величествени работи, рече макеоднскиот премиер.

Во 13 часот предавање на поканата

На свеченост што ќе се одржи попладнево во новото седиште на НАТО во Брисел, на вториот ден од самитот на шефовите на држави или влади, членки на Алијансата, премиерот Зоран Заев ќе ја прими поканата за почеток на пристапни преговори со НАТО од генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Столтенберг на прес конференцијата вчера потврди дека НАТО Алијансата е согласна да и упати покана на Македонија.

– Го поздравуваме договорот помеѓу Атина и Скопје и се согласивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне пристапни преговори, откако ќе бидат заоркужени сите внатрешни процедури за да се финализира договорот земјата ќе влезе во НАТО како 30-та членка, изјави Столтенберг.

Заев за НОВА во првата реакција за поканата за преговори за членство со НАТО, вчерашниот ден го нарече еден од најсреќните во неговиот живот.

Македонија НАТО самит покана прослава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.