Владата на Република Македонија го осуди терористичкиот акт во Барселона и изрази жалење до семејствата на жртвите од овој нечовечки акт на насилство, како и до државите од кои доаѓаат, а на повредените им посакува брзо опоравување.
„Длабоко и искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од синоќешниот терористички напад во Барселона. Нашата порака до Шпанија и цела Европа е дека во овој момент кога тагуваме за жртвите, осудата на омразата и насилството мора да биде одлучна и силна. Истовремено мораме да ги зајакнеме заложбите кои промовираат единство и слобода, наспроти поделбите и дискриминацијата.”, порачува претседателот на Владата на Република Македонија.