Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев по одлуката на УНЕСКО: Охрид мора да се развива, но плански

0
By Biljana on July 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Тоа што е уништено со децении наназад, а посебно во последните 11 години од владеењето на ВМРО –ДПМНЕ, со целото мегаломанство и целата негрижа, навистина е мал периодот за да се врати се во нормала“, рече премиерот Зоран Заев од Охрид коментирајќи ја одлуката на Националната комисија на УНЕСКО да дадат рок од дополнителни две години на Северна Македонија и на Албанија за постапување по препораките и да се избегне поместување на Охридскиот регион на листата Светски културни и природни богатства во опасност.

„ Одлуката ни беше најавена, и мене и на градоначалниците на Охрид и на Струга, а тоа беше дека заштитата од УНЕСКО за Охрид и охридското крајбрежје ќе биде ставена во опасност, но благодарение на сите агрументи кои беа претставени од страна на Општина Охрид, Владата и Министерството за култура, кои што се во постојана дебата, како во текот на вчерашниот ден, така и денеска, навистина се менува сликата заради тие резултати кои досега се постигнати“, рече Заев.

Посочувајќи ги проектите кои се во насока за зачувување на охридкиот регион као заштитено културно наследство, премиерот ја спомена изградбата на колекторскиот систем.

„Целиот дел на ставање на режим на планот за управување со Охрид, чистењето на плажите. Тоа е нашето културно наследство, природно богатство кое мораме да го чуваме и благодарение на тие резултати го свртевме вниманието на сите експерти кои што дискутираа на заседанието на УНЕСКО“, додаде тој.

Заев вели оти бил задоволен што експертската јавноста гледа оти се работи на зачувување на охридскиот регион.

„Сите знаеме дека Охрид ќе продолжи да се развива и мора да се развива. Развојот на Охрид не смее да биде запрен, но тоа мора да биде според план. Ни треба малсимална подрршка од граѓаните“, порача Заев и додаде дека каква и да биде денешната одлука за УНЕСКО, власта ќе мора да ја почитува.

Според претседателот на Владата, главната цел е да се извлече поука од ситуацијата која го довела Охрид да биде тема на дискусија на состанокот на УНЕСКО, да се поправат грешките, а притоа регионот да се развива и да остане да биде атракција која ќе привлекува туристи.

„Размислуваме со градоначалникот на Охрид како да ја продолжиме летната сезона, како да имаме зимска сезона, како да ги развиеме Галичица и Јабланица, како да најдеме дополнителни содржини за да го зголемиме економскиот импакт врз животот на граѓаните. Туризмот му треба на Охрид“, додаде премиерот Заев.

Зоран Заев Охрид Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.