Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев почнува консултации со пратеничките групи за уставните амандмани

0
By Нова ТВ on October 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 24, 2018 13:51

Останувам отворен за вклучување на опозицијата во делот на сугестии за зајакнување на идентитетот, гаранцијата на определбата и гласањето во Грција, нашата интеграција во ЕУ, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе ги достават уставните амандмани што ги изготвуваат до Собранието.

Тој најави дека денеска ќе има консултации со сите пратенички групи.

– Сакам да направам почетна консултативна средба, значи формализацијата како што е пропишана. Владата усвојува нацрт амандмани, ги доставува до Парламентот, но пред дебатата јас ветив дека заедно ќе седнеме во Парламентот и ќе ги изработиме самите амандмани. Ако утре се подготвени пратениците, утре ќе го направиме тоа иако седницата за пратенички прашања е одложена за 31 октомври. Утре е убав момент тоа да го направиме, ако не во петок, може викендов, може следната недела. Убаво е порано да седнеме, лесно е да се направи тоа, заради тоа што веќе ги дебатиравме и насоките каде ќе се движат амандманите, нагласи Заев.

– Многу  е важно целиот процес, со чување на комплетното достоинство на секој поединец, на секој пратеник или на било кој граѓанин во државата, на внимателен начин успешно да го финишираме, одговори Заев на новинарско прашање дали ќе се забрза целата процедура за уставни измени за да се фати рокот до јануари.
– Роковите се деловнички, драго ми е што во комисијата дискутиравме во три од десет дена, во парламентот беше пет дена, се кратат некои рокови. Но тоа не се големи кратења. Тоа зависи од пратениците и од развојот на дискусијата. Еве само ќе кажам два значајни периода што се трошат на оваа работа. Со официјалното доставување на нацрт амандманите тие во Парламентот ќе бидат 30 дена, иако веројатно ние можеме и за 10-15,20  дена да ги договориме. И за конечната верзија на амандманите, кога ќе дојдат имаме 60 дена, така што роковите се достижни, рече Заев.

Која е процедурата според Деловникот

По доставувањето во Законодавниот дом секој од четирите амандмани преку кои ќе се интервенира во  Уставот, ќе треба да поминат низ претрес во две собраниски комисии.  Според деловничките рокови од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена. Ова значи дека доколку нацрт амандманите бидат доставени во петок на 26 октомври, еден месец подоцна кон крајот на ноември треба да бидат изгалсани во Собранието. За гласањето во оваа фаза е потребна подршка од 61 пратеник.

Но, овие рокови можат да бидат и покуси, бидејќи  претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена како во комисиите, така и на пленарната. Пратениците имаат право на збор повеќепати, но не повеќе од 20 минути, што дава можност оваа фаза да заврши побрзо од максимално дозволените рокови.

Деловник на Собранието

По утврдувањето за нацрт-амандманите,  тие одат на јавна дискусија и потоа повторно се враќаат кај предлагачот па во Собранието да бидат усвоени. Од моментот на доставување на предлог – иземните до одржување на пленарната седница треба да поминат најмногу 30 дена. Колку време  ќе трае јавната дискусија ќе треба да утврди Собранието.

За  одлуката за усвојување на амандманите потребно е исто двотретинско мнозинство, а за амандманот на преамбулата  и Бадентерово мнозинство.

Според овие рокови, се очекува уставните измени да бидат усвоени кон средината на јануари.

Група опозициски пратеници со услови за уставните измени

Група пратеници од опозицијата до Собранието, непосредно пред гласањето во петокот, поднесоа предлог со неколку услови под кои би гласале за да се отвори постапката за уставни измени:

1. Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет

2.Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа.

3.Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ.

4. Прифаќање на иницијативата на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев искажана на 31-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена.

 

деловник Заев консуслтации опозиција писмо пратеници уставни амандмани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
ФОКУС
February 24, 2026

ЦИВИЛ – Центар за слобода /  Меѓународна конференција: Четири години агресија — Украина, отпорот и одговорноста на светот

ВЕСТИ February 24, 2026

Денеска, на 24 февруари 2026 година, точно четири години од почетокот на целосната руска воена…

Артан Груби го напушти Идризово – судење ќе чека притворен дома

February 23, 2026

ЕУ го замрзна трговскиот договор со САД поради новите царини на Трамп

February 23, 2026

Утре, 24-ти април, 4 години со Украина – ЦИВИЛ домаќин на меѓународен онлајн настан „Четири години агресија: Отпорот на Украина и

February 23, 2026
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.