Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Подготвени сме да интервенираме со државните резерви во случај на раст на цените

0
By НОВА ТВ Balaban on October 7, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 7, 2021 15:15

Тој посочи дека државата веќе развила многу механизми и алатки за помагање. Дел, како што рече, веќе се реализирани, а тоа е намалување на ДДВ за електрична енергија како главен импакт на цената на чинење на производство на одредени производи.

Со државните резерви секогаш сме подготвени да интервенираме доколку забележиме некој циклус да покажува пикови, со што би имало рефлексија врз севкупната економија и врз цените на одредени базични производи, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за најавениот раст на инфлацијата.

– Финансиски сме стабилни и секогаш сме подготвени, согласно праксата дома, но и праксата во европските земји со нашиот заеднички пазар со Европската Унија, навремено да дејствуваме, рече Заев.

Тој посочи дека државата веќе развила многу механизми и алатки за помагање. Дел, како што рече, веќе се реализирани, а тоа е намалување на ДДВ за електрична енергија како главен импакт на цената на чинење на производство на одредени производи.

– Во такви околности истовремено се преземаат други дејствија, односно сите наши потенцијали и капацитети за производство на дополнителни количини на електрична енергија да ги ставиме во погон. Апелиравме до деловните комори да ги анимираат сите деловни луѓе, компании кои што можат да придонесат во обезбедување и набавка на нови дополнителни количини јаглен надвор од државата, затоа што домашните ресурси ги користиме максимум, се со конечна цел да имаме дополнително производство на електрична енергија, рече Заев.

Тој истакна дека ќе се обезбеди поевтино производство на електрична енергија, која, наведе, прво е гарант за домаќинствата, второ, ќе биде алатка за помош на јавните институции и трето, ќе биде алатка за помош на стопанството.

– При ваквите механизми директно ќе можеме да им помагаме во оние важни или базични продукти кои допираат еднакво до сите граѓани, но и до сите други продукти или производи во кои што цената на чинење е значително изречна преку електричната енергија, да може да се носиме заедно со останатиот свет, додаде премиерот.

Напомена дека со државните резерви Владата секогаш е подготвена да интервенира ако некој циклус да покажува пикови кои што би имало рефлексија врз севкупната економија и врз цените на одредени базични производи, зејтин, брашно, млеко, јајца. Логично е, рече,  кога се зголемува цената на струјата на светските берзи, таа директно да влијае и врз производството на одредени продукти.

-Ако за производство на еден продукт имаме употребено 100 единици, во 20 единици од нив учествува електричната енергија, и ако таа се зголеми за пет пати, тогаш логично е и производствената цена на тој продукт да се зголеми. Но, тука е Владата да интервенира и да помогне. Тоа што се случува во Европа и во целиот свет во моментов, така е и кај нас во регионот, рече Заев.

Во врска со тоа кога мерките ќе се спроведат, Заев рече дека дел од нив веќе се спроведуваат.

– Ако погледнете дома на вашата сметка за електрична енергија, ќе видите дека ДДВ во самата сметка на електрична енергија веќе е 5 отсто. Земете некоја сметка од мај или од јуни, ќе видите дека беше 18 отсто. Тоа значи дека се донесени правните регулативи, Парламентот ги има поминато, и тие се веќе во функција, рече премиерот.

Тој се надева дека во ноември ќе помине и  формирање на Зелениот фонд, кој е заглавен во Собранието.

– Собранието ќе почне да работи од ноември. Зелениот фонд е вграден преку цената на нафта и нафтени деривати. Навремено, Владата преземала дејствија за да може да интервенира и да помага. Среќа е што имаме финансиска ликвидност и стабилност, и тука сме да помагаме, но ова е само потврда дека секое законско ршение во Парламентот кое што е блокирано, има директни рефлексии и не може државата со недонесени навремени закони, да управува со сите свои механизми за помош, додаде премиерот Заев.

Зоран Заев интервенираме инфлацијата раст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.