Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Правиме правни напори да ги извлечиме министрите од Владата

0
By Влатко Чаловски on April 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска образложи дека СДСМ ги разгледува сите правни опции за да ги извлече своите министри од Владата, а кои биле заробени од страна на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги заробија министрите Спасовски и Ременски во Владата. Тие не можат да си дозволат да не го почитуваат законот. Еве има судење за Диво насеље денес, министерот Сапсовски е единствениот што може да стави потпис за употреба на полициските мерки. Не може да се дозволи и примателите на социјална помош да патат заради тоа. Правиме правни напори да ги извлечеме министрите од Владата. Тие нема да учествуваат во организирање нефер и недемократски избори, рече Заев.

Тој исто така потенцираше дека веќе не поседуваат материјали и дека не можат да пласираат т.н “бомби“ во јавноста согласно Договорот од Пржино, а за кој рече дека Никола Груевски го минирал и не ги почитува реформите во него.

– Груевски и се е можно. Нема да не чуди ако направат обид да го укинат СЈО преку Уставниот суд. Сепак мислам дека нема да одат на такво безобразие. Но доколку тоа се случи, СЈО има обврска да ги врати сите материјали на опозицијата. Ќе повторам само дека сите материјали што ги поседувавме ги предадовме на СЈО, одговори Заев.

Во однос на тоа дали е можен нов анекс на Договорот од Пржино во посредство на меѓународната заедница, лидерот на СДСМ рече дека се што е во интерес на земјава за СДСМ е прифатливо.

– На се што е контра ќе се спротиставиме. Сите опции што ќе бидат понудени од сите во државата, од европските и американските институции е прифатливо, одговори Зоран Заев.

Заев денеска повика на широк граѓански фронт за слободна Македонија против Никола Груевски, за како што вели тој, враќањето на демократијата и слободата.

– Или Македонија или Груевски, порача Заев, дополнувајќи дека земјата нема да прифати лажирани избори а опозицијата останува гарантор на тоа.

Својот повик тој го упати до коалициските партнери на СДСМ, политичките партии, невладините организации, здруженијата, синдикатите, интелектуалците, професорите, вработените, невработените и целата демократска јавност.

Заев дополни дека во новата, слободна Македонија треба да има фер избори и слободни медиуми, независни институции во служба на граѓаните, вистинска борба против корупцијата и криминалот и да се вратат европските вредности и зачувување на националните интереси на Република Македонија.

Груевски Заев избори протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.