Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Предмети и истрагите на СЈО мора да имаат иднина

0
By Нова ТВ on August 28, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние го прифативме барањето на опозицијата  да не се создава ново обвинителство, туку СЈО да се припои кон Обвинителството за гонење на организиран криминал и сега повторно има проблем.

Јас се надевам дека никој не го прави ова за да го забошоти и да го заштити криминалот.  Тоа нема да го дозволиме – компромис треба но да не ги поминеме црвените линиии. СЈО мора да има иднина, предметите на СЈО, истрагите и предистрагите мораат да имаат иднина “ кажа премиерот Заев денеска во Велес по опожарените места во овој регион.

Заев сепак очекува компромис да се постигне и Законот да се изгласа со двотретинско мнозинство.

Министерката за правда Рената Десковска вчера во Собранието каде започна дебатата за новиот Закон за Јавно обвинителство кажа дека доколку не се постигне компромис со опозицијата, ќе  се предложат измени на Законот за судски совет.

„Во случај да не се најде мнозинство за Законот за Јавно обвинителство, сите предмети на Специјалното јавно обвинителство ќе ги преземе и ќе ги продолжи друго јавно обвинителство. Или, со измена на Законот за Совет на јавни обвинители, кој се носи со обично мнозинство, ќе се најде решение за функционирање на Специјалното обвинителство“, рече во Собранието министерката Дескоска.

Со измени во Законот на Советот на јавни обвинители ќе му се даде можност да да назначи вршител на должност Специјален обвинител на местото на Катица Јанева.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска рече дека предлогот на Дескоска е „желба за освета и омраза кон ВМРО ДПМНЕ“.

„Таа повикува и на омраза и освета кон опозицијата не водејќи сметка да направи реформи во правосудството не водејќи сметка да направи реформи во обвинителството нејзина единствена цел е како да се најде начин да се пресмета со политичките не истомисленици“ рече Мицкоски денеска од Берово.

За разрешувањето на Јанева, Советот на обвинители ќе  одлучува утре. Доколку донесе одлука за разрешување на Јанева, извештајот треба да го испрати до Собранието, каде најпрво се разгледува во Комисијата за избори и именувања, а потоа за разрешувањето на Јанева гласаат и пратениците со двотреинско и бадентерово мнозинство.

Партиските договарања меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ траат  со месеци и минимални се шансите да се постигне договор за новиот Закон за јавно обвинителство.

 

 

 

 

 

Заев Мицкоски СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.