Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Продолжуваме да градиме пријателски односи со Бугарија; Мицкоски: Разговорите се усложнети поради егзибициите на власта

0
By Sashko on September 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, затоа што ни треба решение, затоа што треба да одиме во ЕУ и да ја исполниме втората еднакво важна цел, по членството во НАТО. Горд сум и среќен што доживеав за време на мојот мандат да бидеме членка на Алијансата, тоа е стратешка цел од 1993 година. Продолжуваме кон исполнување и на втората стратешка цел – членството во ЕУ, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот тв дуел на Канал 5 со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, не треба да се надеваме на ништо во септември, октомври и ноември, туку во декември.

Заев очекува на третите последователни парламентарни избори Бугарија да формира политичка влада, но тврди дека тоа не е неопходно за да ја донесе одлуката. Португалскиот предлог, нагласи, има решение. Тоа го презеде и актуелното словенечко претседателство со ЕУ.

Важно е што ќе има и претседателски избори. Тврдам дека не мора да има политичка влада за Бугарија да ја донесе одлуката, истакна премиерот и повтори дека со Бугарија воопшто не се разговара за јазикот и идентитетот, туку за унапредување на соработката.

Мицкоски е дециден дека разговорите со Бугарија се усложнети поради, како што рече, егзибициите на оваа Влада и лошата „домат“ политика.

Трета година преговраме, но колку поглавја отворивме? Нели ги решивме проблемите со соседите? До кога ќе преговараме? Не треба да преговараме зашто, нели, имаме договор и сите проблеми со соседите се решени. Народот точно знае дека е понижен, омаловажен и разочаран, не верува во институциите, ниту во политичарите, рече Мицкоски.

Треба, додаде, да ја градиме државата од почеток по 17 октомври.

На тоа Заев му укажа дека вака не се сака државата.

„Државата не се сака со негирање на успесите, туку со нивно уважување. Кога ќе се израдувате на успесите, тогаш значи дека ја сакате државата. Ги негирате успесите на земја која денес е максимално испочтиувана. Народот тоа го гледа. Светот не респектира, не посетија сите големи демократски лидери да ни оддадат почит за храбрите политики“, нагласи Заев.

Зоран Заев локални избори 2021 Македонија ТВ дуел Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.