Се надевам дека кон крајот на неделата ќе финишираме со преговорите за владата и да завршиме најбрзо што може, изјави денеска лидерот на СДСМ и новиот мандатар Зоа Заев за „Телевизија 24“ .
„Сите политички партии се обврзавме да ја забрзаме постапката околу преговарање за новата влада и во рок од десет дена прегворите да бидат завршени“, рече Заев.
Тој рече дека посетата кај високата претставничка за надворешна политика Фередика Могерини е одлична можност да се видат сите лидери на регионот и да разговараат за европските перспективи на Македонија.
Заев додаде дека ќе објасни колку многу новата влада ќе работи на реформите и се надева дека ЕУ ќе ги поддржи заложбите на македонските граѓани за влез на Македонија во Европската Унија.