Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил потсети на случувањата во Собранието на 27 април со порака да не се заборават и да не се повторат.
„Поминаа три години од крвавиот четврток на 27 април, кога за својот живот во Собранието се бореа пратеници, новинари, вработени во Законодавниот дом. Сценарио креирано со цел ВМРО-ДПМНЕ да ја задржи власта во кое требаше да бидат убиени луѓе, да предизвикаат војна, да ја уништат иднината на државата. Да не го заборавиме и да не дозволиме никогаш да се повтори“, напиша Заев на фејсбук.