НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев согласен со Радев: Потребен е дијалог помеѓу Скопје и Софија

0
By Ivana on July 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се согласувам дека прашањата се решаваат билатерално во Скопје или во Софија, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на претседателот на Бугарија Румен Радев дека политиката на Бугарија кон Северна Македонија зависи од отворен и конструктивен дијалог меѓу двете земји.

-Многу често претседателот Радев кажува дека тоа не се решава во Брисел или Вашингтон и јас се согласувам – тоа се решава во Скопје или во Софија, билатерално, а пријателите што нè храбрат да изнајдеме решенија се секојпат добредојдени. На работниот состанок на 17 јуни мислам дека ги адресиравме сите детали, важни за нашата страна, важни за бугарската страна. Надежта останува да се оформи бугарскиот парламент и, пред сè, да се оформи политичка влада која ќе раководи со извршната власт на Република Бугарија, затоа што прашањето во Брисел се адресира преку Владата и верувам дека на вака заокружени решенија многу брзо ќе почне имплементацијата на патоказот кој носи добробит на граѓаните на двете земји во различни области, истакна Заев на прес-конференција.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот рече дека негова желба е Република Бугарија да формира Влада заради потребите на бугарските граѓани, но и затоа што од влада по вторите параламентарни избори ние очекуваме исчекор во решавање на проблемот.

-Во такви околности, се надевам дека ќе се формира Влада односно и трети избори, според мене, не гледам што ќе променат. Вторите избори менуваат нешто, имаат процент два, три – колку и да е промената, но дефинитивно политичката прагма вели дека треба да се биде рационален и да не се остава подолг период да се нема влада. Очекувањата ми се 50-50 – дали ќе се формира влада или ќе се оди на нови избори, знаејќи какви се резултатите и како се поставуваат односите на сите полтички партии кои добија чест и одговорност од бугарскиот народ да учествуваат во парламентот. Засега на повидок нема некои коалиции кои би поддржале заедничка влада односно би формирале парламентарно мнозинство, рече Заев на прес-конференција на која соопшти за новиот Предлог-закон усвоен од Владата – за материјално обезбедување на уште 1100 стечајци до нивното пензионирање.

Прашан за коментар за изјавата на Слави Трифонов за „северномакедонец во вселената“, одговори дека Владата нема да праќа реакција на претседател на секоја политичка партија, но ако е потребно, рече, и тоа ќе го правиме затоа што „ние сме Македонци од Република Северна Македонија кои зборуваат македонски јазик“. Додаде дека верува оти се работи за незнаење зашто двете земји се пријателски и никогаш немале проблем.

-Ние сме Македонци, ние зборуваме македонски јазик, како што нашите пријатели или браќа се Бугари и зборуваат бугарски јазик. Очекувам да се коригира затоа што е, сепак, политичка партија која доби најголема поддршка од граѓаните на Бугарија, а должност ни е да градиме пријателство и да оставиме добри односи кои ќе бидат од бенефит за идните генерации, додаде Заев.

Бугарија Зоран Заев Македонија Румен Радев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.