НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев вети дека ќе ја запре изградбата на рудникот Казандол

5
By Нова ТВ on October 1, 2017 ПОЛИТИКА
фото; СДК.МК
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска пред жителите на Валандово вети дека владата предводена од неговата партија ќе ја запре изградбата на рудникот Казандол.

„Овие концесии за експлоатации и дел за геолошки истражувања се дадени од претходната власт. Ние ќе водиме мудри постапки, да не нанесеме милионски штети на државата, но едно да знаете рудниците ќе застанат. Добро е да се подготви целиот менаџмент дека ќе престане изградбата на рудниците, заради тоа што тие носат лошо здравје, слаби перспективи и уништување на иднината на сегашните и на идните генерации“, рече Заев, на денешната средба со граѓаните на Валандово.

Тој рече дека отворено застанале и дале поддршка на граѓанските организации кои се бореа да запре постапката за отворање на овие рудници.

„Нашиот официјален став е да престане изградбата на рудниците, да престанат сите постапки околу рудниците, затоа што тоа не е иднината на овој бисер на земјоделието на Република Македонија“, рече Заев.

Досега активистите и жителите на околните села од новата  влада бараа помош, но досега владееше молк по ова прашање. Владата на СДСМ во својот опозициски период посвети фин дел од своето претставување во јавноста со цел да се наметне како еколошки посвесна и погрижлива кон животната средина од претходната власт. Но, за Казандол досега немаше елан.

Останува да се види, дали Заев ќе го исполни своето предизборно ветување.

Неуспешен референдум – граѓаните пријавуваа притисоци

 

На референдумот во Валандово којшто се одржа на 20 август оваа година право на глас имаа 10.141 граѓанин. За да биде успешен, потребно беше на гласање да излезат најмалку 50 отсто плус еден од запишаните граѓани со право на глас.  На референдумот во Валандово излегоа 46, 1 или 4.683 граѓани. Недостасуваа 387 гласа до потребните 5071 за победа.

Граѓаните и активистите кои се бореа против изградбата на рудникот пријавуваа притисоци, закани, уцени и прекршување на изборниот молк од инвеститорот „Сардич МЦ“, претставници на локалната самоуправа од една политичка партија и персоналот на Украинската амбасада во земјава.

Против изградбата на овие рудници, на референдум гласаа и жителите на Дојран, на Богданци и на Гевгелија. Сите овие референдуми беа успешни.

На сите места каде што се одржуваа локалните референдуми беа пријавувани притисоци и закани во размер во којшто може да помислите дека се бира доживотен претседател. Но до референдум најтешко се стигна токму во Валандово. Советот два пати носеше иста одлука поради административни пречки на општината. Граѓанските иницијативи со собрани потписи со месеци не можеа формално да дотуркаат до референдумот во процедури кои отвораат сомнежи за многу законски злоупотреби.

Кој е инвеститорот за Казандол

Концесионер на рудникот за бакар и бакарни производи во Казандол е компанијата Сардич МЦ. Основач на „Сардич МЦ“ е акционерското друштво „Коппер Инвестмент“. За оваа инвестиција Груевски зборува уште на почетокот на 2013 година. Инвестицијата прво ја нарекуваше „англиска“, продолжи со „англиско-украинска“ за конечно да стаса до само „украинска“. Во реалноста – со удели на македонските големостопанственици и политичари од двете држави.

Документите од централниот регистер покажуваат дека во одборот на директори е Ацо Спасеновски, поранешен амбасадор во Украина (2010-2014), поранешен министер за земјоделство и шумарство  (2006-2009) и член на Социјалистичката партија на Македонија чијшто претседател е бизнисменот Љубисав  Иванов – Ѕинго. Спасеновски дури стекна и акции во друштвото, а на почетоците беше само во менаџерските позиции во компанијата. Голем број од рударските инженери ангажирани како експерти при изградбата на рудникот во „Казандол“ доаѓаат  токму од компанијата „Силекс“, која што заедно со телевизијата „Сител“ е дел од бизнис – империјата на семејството на Иванов – Ѕинго.

Во сопственоста се вмешани и украински политичари кои што биле и пратеници во Собранието на Украина за време на мандатот на Спасеновски. Иако владата на Груевски тврдеше дека инвеститорите се надалеку познати по својата работа во областа на рудата, НОВАТВ не пронајде факти кои ќе ги потврдат овие тврдења. Во периодот којшто следи пред локалните избори НОВАТВ ќе го објави своето детално истражување за рудникот Казандол и врските со моќта и политиката.

Шест нешта за рудникот во Казандол за кои сите мора да знаеме

Зоран Заев Казандол локални избори 2017 рудник СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025
ФОКУС

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

ВЕСТИ August 24, 2025

Германскиот весникк „Велт ам Зонтаг“ (Welt am Sonntag) повикувајќи се на неименувани европски дипломати објави…

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.