Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шест години од масакрот кај Смилковско – ќе ја открие ли СЈО вистината

1
By Нова ТВ on April 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 12, 2018 12:31

Денеска се навршуваат шест години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро, во близина на Скопје, каде беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Масакрот се случи на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден.

За петкратното убиство беше отворен предмет по името „Монструм“, а по судскиот процес на доживотни затворски казни беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Фото мкд.мк

Но, случајот и понатаму продолжија да го следат контраверзи, околу извршителите и нарачателите на масакрот.

Обвинетите се жалеа на доживотните пресуди пред Врховниот, а на јавната седница што се одржа на почетокот на октомври, минатата година, јавната обвинителката Лилјана Спасоска побара судот да ги прифати жалбите и да ја укине првостепената и второстепената пресуда за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.

Еден месец подоцна, Врховниот суд донесе одлука со која ги укина пресудите и го врати случајот на повторно судење, а на обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири им ги укина притворите и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири, Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Фото ТВ 21

На првото рочиште од повторениот судски процес, што се одржа на 12 февруари, годинава, обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичниот обвинителен акт, со кој обвинетите се товарат за тероризам. Судењето беше прекинато, бидејќи во обвинителниот акт го немаше обвинението против Сами Љута.

Минатиот месец, како што и се очекуваше, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Jанева рече дека очекува судскиот процес да продолжи во април во фаза во која бил прекинат и оти се подготвени да го презентираат предметот пред судот.

Премиерот Зоран Заев, неколкупати изјави дека меѓу незаконски следените комуникации, што тој ги придаде на СЈО, има телефонски разговори и смс-пораки, кои може да фрлат нова светлина за вистината за петкратното убиство.

На прашањата какви сознанија произлегуваат од разговорите, тој одговараше: „Нема јас да го толкувам тоа. Може тие докази нема да ги дадат сите одговори, но може ќе дадат огромен процент и расчистат многу облаци кои сѐ уште надвиснуваат над овој процес“.

Претстaвник на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм” неодамна во емисијата Ноќно студио, откри детаљ од “бомбите” за оваа контроверзна афера.

„Јас слушнав еден разговор помеѓу двајца протагонисти, маж и жена. Едниот вели „Таму ништо не е најдено, не е оставена никаква трага, но јас имам план”. Другиот прашува „Кој е планот” a овој одгoвара „Не можам по телефон да ти кажам”, изјави Бедри Ајдари брат и татко на обвинетите за случајот Монструм.

годишнина Монструм петкратно убиство СЈО судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.