Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Власта нема да се осмели сама да оди на избори

0
By Нова ТВ on April 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека на 5 јуни сигурно нема да има избори и дека власта нема да се осмели сама да оди избори.

– На 5 јуни, сигурно дека ќе нема избори. Тоа е повеќе од јасно и тоа не е заради тоа што опозицијата така кажува, опозицијата ги бараше изборите, ние на зелена маса се изборивме да има предвремени избори, но се изборивме тие да бидат регуларни, фер и демократски, уште едни криминални избори, ниту на Македонија и требаат, ниту ќе биде некое решение за излез од оваа политичка криза, рече Заев на прес конференција.

Во врска со најаветното распишување на изборите за утре од страна на претседателот на Собранието , Заев рече дека тоа ништо не значи, но дека се надева дека тоа нема да се случи.

– Јас само ќе кажам – зошто Трајко Вељаноски одлучи да ја одложи одлуката, распишување на изборите?! Заради ДИК. И да им даде дополнително време. Знам дека денеска ќе има јавна седница и ве повикувам да ги вперите очите во ДИК. ДИК е круцијалниот момент каде што се кршат копјата на објективните аргументи и факти, таму имаат Извештај за теренската проверка, ги имаат извештаите од административната проверка и институциите, методологијата е многу јасна, после административните проверки мора да се оди на терен за да се утврди луѓето дали се отселиле или не и дали вистински постојат на овие адреси или не. И на крајот алатката за бришење мора по закон да се даде и го отворам уште еднаш прашањето за легалноста на изборите, не за легитимитетот, нема да ги има сигурно, како ќе се оди на избори кога изборните единици се поразлични од 5% една меѓу дурга, кршење на Изборен законик е тоа, рече Заев.

На новинарско прашање дали може да се очекуваат протести како оние од 17 мај, лидерот на СДСМ рече дека е сигурен дека ако не се нормализираат условите во правно-формалниот аспект на носење одлуки во државата ќе има протести.

– Граѓаните не може никој да ги спречи. Ги гледате нашите реакции, ние повикавме на протест, но ни треба време да го организираме, формата, начинот, локациите, но еве во меѓувреме се истурија луѓето по улиците, истрчаа и готово, не можете да им го смирите духот. Јас се појавив претходната вечер, се со цел да ги одвратам од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, не е таму местото за протест, по улиците, пред Влада е, пред Парламент. Гневот, лутината кај граѓаните е преголема. Сите сме обврзани да водиме грижа за оваа работа, рече Заев.

Вечерва, како што истакна, очекува мирни и ненасилни протести.

– Разговаравме сабајле на координација го очекувам и министерот Спасовски во тој дух да испрати сериозни пораки, полицијата мора да биде професионална, и полицијата мора да води грижа за прекумерната употреба на сила. Не кажувам дека има или нема, но мора да води грижа, истовремено како и тој и јас испраќам порака на ненасилие, на мирни протести, ништо не правиме ако користиме насилство, ако го уништуваме имотот на Република Македонија, тоа е наш заеднички живот, тоа е наше добро кое ние мора да го чуваме, а не да го уништуваме, изјави Заев.

Во врска со аболицијата на Иванов, Заев рече дека е срамна.

– Да аболирате, или аболицирате 56 луѓе тоа го нема никаде во светот. Испрати порака на срам. Јас сум претседател на најголемата опозициска партија, се срамам од оваа одлука, се срамам што оваа одлука мојата Македонија му ја испрати на целот демократски свет. Ова е недозволиво и се надевам дека урнисаната чест на нашата Македонија ќе биде брзо вратена со поништувањето на ваквата одлука.

Најави дека кога ќе стигне актот че го врати назад и ќе оди на судење и интензивно ќе се појавува на судските рочишта.

Денешната прес конференција беше по повод приклучувањето на ДОМ кон Платформата за демократска Македонија.

аболиција Дик Заев Иванов СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.