Имаме инвестиции, насекаде, но имаме и една во последните неколку месеци и една инвестиција која се случува близу Собранието, тоа е инвестиција во гуртни, во блокови, во кочници, на нив стои амблемот на ВМРО-ДПМНЕ и ликот на Христијан Мицкоски , а на амбалажата пишува „Најголеми кочници на светот“ порача претседателот Зоран Заев на трибината во Дебар.
Тој се надоврза на обраќањето на пратеничката на СДСМ, Белкиса Зеќири ,која ги наведе блокадите што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да и ги направи на државата.
„Но и тие кочници ќе ги разбиеме, затоа што сме паметни и искрени во намерите. Не може да ги закочат процесите за единствениот Клинички центар во државата, да ги закочат новите инвестции на американскиот „Бектел“ кој треба да ги изгради останатите делници од автопатите во државата, од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Кичево и автопатско решение Струга – Ќафасан. Се обидуваат да ги закочат сите проекти, но нема да им дозволиме, затоа сѐ што правиме е во интерес на граѓаните. Клиничкиот центар сигурно ќе биде под 500 милиони евра, прашање е дали ќе го изградиме или не. Им понудивме иако се опозиција да имаат мнозинство во управувањето на градбата на центарот и до ден денес тие ја блокираат изградбата“ порача претседателот Заев, повикувајќи го министерот за здравство да не се откажува од овој проект затоа што коронакризата покажа колку се важни инвестициите во јавното здравство.
СДСМ, за овие четири години, презема низа одлучни чекори кои донесоа еднаквост,  интеграција, напредок, но и подобар економски стандард за сите, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина” во Дебар.
Тој претходно изјави:
– Заборавивме дека пред четири години минималната плата беше 9.000 денари, беше потценета, денес таа е 15.284 денари, тоа е минимална плата, но таа минимална плата направи притосок за покачување на сите плати. Просечната плата од 22.500 е 28.480 денари, покачена е за скоро 6.000 денари. И продолжуваме понатаму, новите мерки не водат до таму како да обезбедиме повеќе пари за граѓаните. Денеска Северна Македонија е стабилна држава, ликвидна, финансиски солвентна и може да се натпреварува со економиите од земјите од регионот.
Заев се осврна и на странските инвестции и нивната улога во растот на економијата и намалувањето на стапката на невработеност.