Премиерот Зоран Заев претпладнево ја почна еднодневната официјална посета на Косово, со средба со својот косовски колега Рамуш Харадинај. Претходно, македонскиот премиер беше пречекан со државни почести пред косовската Влада.

Заев во Приштина треба да се сретне и со претседателот на Косово, Хашим Тачи, а ќе оствари и средба со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.

Македонија има позитивна трговска размена со Косово, а унапредувањето на соработката ќе биде дел и од средбата на премиерот со претставници на македонско-косовската бизнис заедница.

Заев ја предводи делегацијата во која се министирте за транспорт, за економија, за култура и за дијаспора.