Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за ФАЦ: Груевски избегал скриен во багажник

0
By Нова ТВ on June 14, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: 24.ху
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во интервју за ФАЦ, премиерот Заев за првпат открива детали од бегството на експремиерот Груевски за кои досега се шпекулираше во јавноста.

„Знаеме како Груевски избега од земјата“, изјавил македонскиот премиер Зоран Заев во интервју објавено во германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.

„Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило“, изјавил премиерот.

На новинарското прашање  зошто потрагата по Никола Груевски започнала дури во понеделник, кога експремиерот требало да се појави во затворот уште претходниот петок, Заев одговара дека такви се правилата за осудениците во нашата земја.

„Во земјата вообичаено е криминалците кои се повикани во петок за отслужување на затворска казна, викендот да го поминат дома. Не можевме тоа да го смениме само за Груевски“, кажува Заев.

За бегството на Груевски отворена е истрага во Обвинителството – нивните резултатите досега покажаа дека  Никола Груевски не излегол на ниту еден граничен премин. За Обвинителството нема дилема како излегол од Албанија кон Црна Гора и понатаму до крајната дестинација – Унгарија, и во чија придружба бил. Но, се уште не е утврдено со докази како излегол од Македонија. Засега претпоставките се дека или избегал преку див премин во таканаречениот зелен појас, или на официјален граничен премин каде не бил евидентиран.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Рукоска пред помалку од еден месец кажа дека добиле документи од Албанија но во нив немало корисна информација за тоа како Груевски влегол во Албанија. Претходно, властите во Албанија соопштија дека видео снимките од Груевски биле избришани.

„Го разгледав документот, но нема ниту една корисна, нова информација. Пишува на кој граничен премин Груевски излегол од Албанија и каде влегол во Црна Гора, а тоа веќе го добивме како информација од Црна Гора. Албанија не го открива она што ние го баравме, а тоа е како влегол во нивната држава. Исто така нема информации, ниту снимки, за хотелот во Албанија каде што бил Груевски, изјави Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  утврди исто така и дека во септември 2018 година, на ист датум од три различни банки,  Никола Груевски подигнал околу 120 илјади евра од сопствени сметки, за што банките пријавиле до Управата за финансиско разузнавање и до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  смета дека МВР не може да биде одговорно за бегството на Груевски затоа што Судот не побарал од нив дополнителни мерки за следење или чување на Груевски. Спасовски кажа и дека  МВР навреме испратило до соодветните институции службена белешка како индикатор за опасност од бегство на Груевски, откако тој почнал да вади кеш од банкарските сметки.

Одговорност за бегството на Груевски се уште не утврдена.

Груевски беше сниман од унгарските новинари пред една недела – по негова наводна тајна средба со заменик државниот секретар во унгарското МНР, Иштван Јо, во стан во сопственост на двајца Кинези.

Според унгарскиот портал кој ја објави снимката, станувало збор за тип на станбени објекти наменети за тајни средби, кои се користеле од државни безбедносни агенции или за спроведување на оперативни акции. Веднаш потоа Груевски беше снимен и во друштво на брод на Дунав.

 

бегство Груевски Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.