Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека многу скоро ќе станеме дел од НАТО – безбедна држава и оти државата ќе ја биде.
„Изминатава година ја завршивме со 5,6% покачување на просечната плата. Тргна работата. Многу скоро ќе станеме дел од НАТО – безбедна држава, со стабилизирана економија. Овие факти, како и посветената економска политика, за година и пол донесе 17 нови странски инвестиции кои во финалната фаза ќе вработуваат повеќе од 4.000 луѓе. Ќе нè биде!“, пишува на Фејсбук профилот на премиерот Заев.