Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за Катимерини: Што и да се случи во Северна Македонија во иднина, Уставот ќе биде почитуван

0
By Ана Василевска on May 12, 2023 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Иако се уште има десничарски партии кои не ја прифаќаат промената на името, таа е дел од нашиот Устав. Што и да се случи во Северна Македонија во иднина, Уставот мора да биде почитуван“ изјави поранешниот премиер Зоран Заев во изјава за грчки „Катимерини“.

Тој додаде дека дури и опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски јавно изјави дека нема назад од Преспанскиот договор и дека тој ќе продолжи да важи и во иднина.

Експремиерот Заев додаде дека и грчката опозиција во времето кога се потпишуваше договорот, а сегашна власт нашла начини како да се продолжи соработката меѓу двете држави.

„Треба да се забележи дека по Преспанскиот договор ситуацијата во регионот се менува. Се позабележлива е соработката со повеќе од 2,5 милијарди евра инвестиции од Грција во Северна Македонија. Тоа е 25 отсто од нашиот БДП“ рече Заев.

Ние бевме многу блиски со Турција и сѐ уште сме, а по Преспанскиот договор стана јасно дека Грција ни станува еден од нашите најлојални пријатели, што се гледа и од анкетите“ вели експремиерот во изјавата.

Тој додава дека анкетите покажуваат дека Грција е во петте најблиски држави за Македонците, за разлика од пред Преспанскиот договор, кога Грција беше помеѓу државите кои беа гледани како кочничари.

„Среќен сум кога ги гледаат фамилиите како комуницираат едни со други, се посетуваат. Македонците доаѓаат на кафе и шопинг во Грција“ рече Заев.

Експремиерот додаде дека е благодарен што грчката Влада предводена од Мицотакис се бореше за Северна Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија.

„За тоа служат пријателите и ние сме навистина благодарни за тоа, граѓаните го ценат тоа“ рече Заев.

Зоран Заев Катимерини Преспански договор уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.