Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за земјоделство Љупчо Николовски, за економија Крешник Бектеши, за култура Роберт Алаѓозовски, и министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми е во официјална работна посета на Босна и Херцеговина каде се сретна со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

„На средбата е констатирано дека двете земји немаат сензитивни прашања за решавање и дека односите меѓу двете земји имаат отворен пат за добра иднина преку изразената политичка волја за унапредување на соработката. Оценето е дека документите за соработка во земјоделството и културата, што се потпишуваат денеска, носат олеснувања за граѓаните во овие области“, информираат од владиниот кабинет.

Заев и Звиздиќ посочиле дека ќе преземат чекори за реципрочно признавање на возачките дозволи, влез и излез во државите со лични карти како и за отворање авионска линија на релација Скопје – Сараево.