Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Загадувањето ќе се решава со системски промени на среден и на долг рок

0
By Нова ТВ on November 27, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 27, 2018 13:23

Проблемот со загадувањето е резултат на повеќедецениска негрижа и не може да се реши поинаку освен со систем кој ќе ги таргетира корените односно кој ќе гарантира промени на среден и на долг рок. Тој пристап подразбира активности на централната и на локалните власти, но и активно вклучување на НВО, Академијата, бизнис заедницата односно на сите засегнати граѓани. Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на отворањето на семинарот насловен „Скопје наспроти предизвиците на животната средина“ организиран од Францускиот институт во Скопје.

Градот Скопје, додаде тој, изминативе 12 месеци посветено работеше на подобрување на животната средина во најголем дел на намалување на аерозагадувањето, на загадувањето на водите, почвата, но и бучавата.

-Мора да разбереме сите, особено во Скопје дека сите сме дел од проблемот и сите заедно мораме да бидеме дел од решението. 70.000 домови што се надвор од организираниот систем на затоплување се главен извор на загадувањето и придонесуваат до 53 проценти во аерозагадувањето. Од 39 мерки кои ги потпишав со граѓанските организации во текот на предизборната кампања изминатата година остварени се 17, започнати се 12, а пет не се во надлежност на градот. Јас сум спремен со секој да разговарам квалитетно, а не политикантски. Отворени сме за сите критики и сите сугестии. Лично сум посветен на заложбите за чист воздух и здрава животна средина оти нема ништо поважно од нашето задравје, здравјето на нашите деца и од здрава животна средина, рече Шилегов.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули истакна дека работите во животната средина не се решаваат со популизам, туку врз база на научни сознанија и факти, а планот на Владата за справување со аерозагадувањето е прв реален и кредибилен документ кој носи решенија.

-По првпат борбата со аерозагадувањето стана програма на Владата на РМ.Тоа значи нема да зависи од поединци, туку од сите сектори и нема да зависи од еден мандат на некоја влада, туку ќе остане стратешка определба на РМ како да се справи со аерозагадувањето, рече Макрадули.

Програмата, како што посочи, има неколку компоненти во делот на мониторингот, инспекцијата, јавните кампањи, неопходните законски измени и активности кои се поврзани со изворите на загадувањето. Драстично е променет принципот, додаде Макрадули, бидејќи не го мериме загадувањето, туку се справуваме со изворите на аерозагадувањето.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние рече дека во справувањето со проблемот на загадувањето и заштитата на животната средина постои една итност, бидејќи се работи за нашата безбедност и здравјето на граѓаните.

– Граѓаните протестираат, но нештата сепак напредуваат во Скопје, а семинарите се практичен и помалку скап начин да ги спроведеме применливите решенија, рече Тимоние.

Тој потсети дека Франција го донесе својот Закон за мобилност во услови кои се доста комплексни, но и кои сведочат за одлучноста на претседтелот Макрон и на француските власти да ја спроведат енергетската транзиција. Имено Законот е усвоен во 2018 година, а целта е намалување за 30 проценти на посилните горива до 2030 година во споредба со 2012. Законот предвидува и создавање зони на слаба емисија во градовите поголеми од 100.000 жители, што е во согласност и со препораките од Парискиот климатски договор, кој ги преминува националните граници и не засега сите, рече Тимоние.

Загадување Макрадули Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.