Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Замена за новите градоначалници: Собранието верификува мандати на шест пратеници

0
By Sashko on November 5, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на денешната пленарна седница ги верификува мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.

„За“ гласаа 83 пратеници, немаше против и воздржани. На местото на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром, доаѓа Тони Јаревски, а на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски. На местото на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, кој е новиот градоначалник на Штип, доаѓа Драган Ковачки.

Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во собраниските клупи ќе го замени Љубица Спасова, а Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид, Грација Бакраческа. Биљал Касами, кој на локалните избори беше избран за градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски.

Панчо Минов, претседател на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) за преземените работи согласно член 153 од Изборникот законик за прифаќање на остатокот на мандатот на пратеник во Собранието. Минов рече дека Комисијата му предлага на Собранието да се верифицира мандатот на избраните пратеници од листата на кандидати за остатокот од мандатот – Тони Јаревски, Зоран Коцевски, Драган Ковачки, Љубица Спасова, Грација Бакрачевска и Драгољуб Филиповски.

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев се осврна на верификацијата на мандат и смета дека нема потреба да постои. Според него, претседателот на Собранието, Џафери направил, како што рече, „каша попара“ на почетокот со осумте пратеници кои ги верификуваше Верификациската комисија, која според нашиот Деловник е адхок комисија составена од пет члена и таа ги верификува мандатите на првите матично избрани пратеници.

Појасни дека во тие осум случаи се направило грешка и место Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања, како што е сега случајот, нивните мандати ги верификувала Верификациска комисија и со тоа се направило проблем во понатамошното делување. Посочи дека има жалба до виш Управен суд и додаде оти отвориле управен спор против Собранието.

Реплицирајќи Џафери рече дека Апасиев прави „каша и попара“ со правниот систем во оваа држава и оти манипулира со јавноста. Според него, Апасиев се повикува на состојба пред една и пол година кога во Собранието немало избрано работни тела, а Верификационата комисија била избрана и била во функција се додека не се избере соодветно работно тело.

Неумесно е да манипулирате со јавноста, нагласи Џафери и додаде дека верификацијата на мандат е пропишана со Деловникот и оти има и Закон за Собрание. Посочи дека Апасиев, како и секој граѓанин, може да покрене постапка пред Уставен суд ако смета дека не треба Закон за Собрание. Нагласи дека одлуките на Собранието според нашиот Устав не потпаѓаат под управна постапка или под надлежност на управен суд.

Џафери образложи дека секој граѓанин и Апасиев ако има проблем со одлуките на Собранието може да покрене соодветна постапка пред Уставен суд.

По верификацијата новите пратеници влегоа во собраниската сала и седнаа на своите места.

На денешната седница на Собранието пратениците ја поддржаа Предлог- одлуката за испраќање припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина. На дневен ред на 51-седница се повеќе предлог-законите, како за Академија за судии и јавни обвинители, за адвокатура, за граѓанска одговорност за навреда и клевета, сите во прво читање. Пратениците треба да дискутираат и за Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, во второ читање, Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање.

Продолжението на 51. седницата дополнително ќе биде закажано.

Верификација Македонија мандати пратеници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.