Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Запалена викендичката на функционер на ВМРО ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on March 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 19, 2018 14:39

 Опожарена е викенд-куќата на координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп Петар Ристески во месноста Кула во околината на Прилеп.

Пожарот избил синоќа околу 22:30 часот. Ристески се сомнева дека пожарот бил подметнат од некој на кој му пречи неговиот политички ангажман.

„ За пожарот бев информиран од противпожарната единица синоќа околу 23.30 часот. Опожарена е целата куќа во која немаше електрична енергија, ниту електрични апарати, па сум убеден дека пожарот е подметнат. Единствено што ми паѓа напамет е дека е политички мотивиран. На некого му пречи политичкиот ангажман и активноста на Петар Ристески. Повикувам на разум зашто работите одат предалеку,  рече Ристески.

Градоначалникот на Прилеп Илија Јовановски ги повика  сите надлежни институции да  го расветлат случајот и да ги откријат причините за  пожарот.

„Личната и безбедноста на имотот на политичарите, од која било политичка провиниенција, на сите граѓани е императив во едно демократско општество, кон коешто се стремиме“, вели Јовановски.

Од општинската организација на СДСМ го повикаа Ристески да не ги обвинува политичките противници.

„ Наместо да го вперува прстот во СДСМ, надевајќи се дека ќе заработи ситни дневно политички поени, нека погледне во сопствените редови и нека расчисти со внатрепартиските натпревари за позиции.  Методите на закани, притисок, уцени, закани по безбедноста на граѓаните и нивниот имот, никогаш не биле поддржани од СДСМ и нашите членови. Таквите методи останаа запамтени во колективната мерморија на граѓаните како симбол на деструктивното, криминално и корумпирано владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 12 години, пишува во соопштението на ОО на СДСМ.

 

 

викендичка ВМРО-ДПМНЕ Пожарр Прилеп СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.