Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Запленети се 12 тони шверцуван тутун од сортата „вирџинија“

0
By Нова ТВ on June 25, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во акцијата на финансиската полиција која денеска се спроведе на 13 локации во Скопје и околните места, запленет е 12 тони тутун кој бил нелегално увезен во земјава, а потоа преработуван и продаван без да се плати акциза.

„Акцијата се спроведе врз основа на сознанија дека група на правни и физички вршат увоз на тутун од странство од сортата „вирџинија“ која се разликува од произведениот домашниот тутун и по квалитетот и по големина на листот и истиот не е дозволен да се произведува на територијата на нашата држава. Непреработениот тутун во лист се дистрибуирал на повеќе локации каде имало нелегални машини со кои се сечел, режел или на друг начин се преработувал со што станувал акцизна стока за што треба да се плати акциза“рече директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми.

Тутунот бил нелегално увезен од повеќе правни фирми во 2018 и 2019 година од Албанија, Србија, Бугарија и Грција кои потоа го дистриубирале и продавала на физички лица на црно на неколку локации во Скопје, кои го преработувале и продавале без акцизна бандерола на црниот пазар на повеќе локации во земјава.

„Ваквата продажба не се евидентира, со што производители се стекнуваат со противправна имотна корист без да се уплати даночната обврска, односно акцизата, рече Муареми.

Буџетот е оштетен за 7,5 милиони евра за две години. Во 2018 за 5,5 милиони евра, а во 2019 година 1,8 милиони евра.

Директорот на Царинската управа Танасоски кажа дека „резултатите од спроведената анализа на дел од примероците на тутунот покажаа присуство на пестицидот бифентрин кој е невротоксин и предизвикува иритација на кожата пореметување во енодркиниот систем“.

Тутунот дополнително содржи катран над дозволеното кој сам по себе е отровен, а од начинот на производство,  евидентно е дека е подготвуван во домашни, односно примитивни услови и поради несоодвентиот начин на чување содржи мувла и микотоксини кои може да предизвикаат од акутно труење до појава на рак.

За сега повикани на разговор се 4 физички лица кои по давање исказ ќе бидат пуштени, а ниту едно правно лице кое го шверцувало тутунот не е приведено, но како што вели Муареми тие се познати на истрагата и се очекува јавен обвинител да даде налог за нивно приведување.

 

акција Арафат Муареми Љуботен финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.