Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Запрен проектот за генетски модифицирани бебиња во Кина

0
By Нова ТВ on November 29, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 29, 2018 09:51

Проектот на кинеските научници за добивање генетски модифицирани бебиња е запрен, по бурните негативни реакции од голем број светски научни центри, соопшти одговорниот за проектот, д-р Хе Џианкуј.

Претходно, на биомедицинска конференција во Хонг Конг, тој најави дека со неговите соработници успешно ја променил ДНК-та на бебиња близначки, Лулу и Нана зачнати од ХИВ-позитивен татко, што е прв случај во историјата. Родените близначки се целосно здрави.

– Доброволците беа информирани за ризиците, и сепак, решија да се нафатат на експериментот, нагласи Хе.

Научниот тим, генетски изменил ембриони на седум двојки, при што зафатот успеал само кај една жена и таа останала бремена. Испитувањата по раѓањето покажале дека само гените на една од близначките биле успешно модификувани. Второто новороденче добило еден од двата неопходни гена и така, тоа нема имунитет кон ХИВ вирусот.

– Модификацијата е направена со цел организмот на новородените девојчиња да има природна отпорност кон ХИВ вирусот. Таква генетска мутација се појавува и природно кај луѓето, но тоа е многу ретко. Ова е голема одговорност и не го сторив за да бидам прв во оваа област, туку да го отворам патот и кон нови вакви истражувања, изјави Хе.

Неговиот матичен Јужен универзитет за наука и технологии во кинескиот град Шенжен, не знаел за работата на д-р Хе, и тој го потврди тоа.

Џулијан Савулеску, професор по етика на Оксфорд, ваквата постапка ја нарече „чудовишен експеримент“. професорот Робин Ловел-Баџ смета дека овој потфат е „типично невнимателен и несоодветен“.

– Сепак, јасно е дека ова е историја. Овие две бебиња ќе останат првите генетски модифицирани бебиња, така што ова е важна точка во историјата, изјави тој.

генетски модифицирани бебиња Кина проект
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.