Затворен е списокот со учесници на завршниот АТП Мастерс во сезоната од 11 до 18 ноември во Лондон. Последни што влегоа во него се Хрватот Марин Чилиќ благодарение на победата на Федерер над Нишикори во четврт-финалето во Париз и Доминик Тим од Австрија.
Настап во Лондон претходно осигураа Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Рафаел Надал, Хуан Мартин дел Потро, Александар Зверев и Кевин Андерсон. Двајца меѓу нив, сепак, се неизвесни и од состојбата со нивните повреди ќе зависи дали моментната листа ќе остане конечна или ќе претрпи промени во последен момент.
Под знак прашање се Рафаел Надал и Хуан Мартин дел Потро кои и претходно најавија можност за прескокнување на настанот во „О2 арена“.