Осумте најдобри тенисери во сезоната со ждрепка се поделени во две групи за завршниот турнир во „О2 арена“ во Лондон од 11 до 18 ноември.
Во т.н. групата „Густаво Кернтен“ се најдоа Новак Ѓоковиќ, Марин Чилиќ, Александар Зверев и „резервистот“ Џон Изнер кој влета во последен момент наместо повредениот Рафаел Надал.
Другата група што популарно е насловена „Лејтон Хјуит“ ги обедини Роџер Федерер, Кевин Андерсон, Доминик Тим и Јапонецот Кеи Нишикори кој, исто така, обезбеди учество во Лондон по откажувањето на Хуан Мартин дел Потро.
Најдобрите двајца играчи од обете конкуренции ќе продолжат во полуфинале. Фаворити за трофејот се Швајцарецот Федерер и Србинот Ѓоковиќ кој од денеска и официјално се вртаи на лидерската позицијата на АТП ранг листата по цели две години.