Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши 22-часовната блокада на РТС, пред зградата останаа само имињата на жртвите, студентите продолжуваат со подготовки за 15 март

0
By Marija Todorovska on March 12, 2025 ВЕСТИ
Фото: скриншот Н1
Фото: скриншот Н1
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 12, 2025 10:53

Вчера во 21 часот официјално заврши блокадата на зградата на РТС која траеше точно 22 часа. Студентите вечерта во шатори ја минаа пред јавниот сервис, а имаше и инциденти со полицијата.

Фото: Скриншот инстаграм профил studenti u blokadi
Фото: Скриншот инстаграм профил studenti u blokadi

Утринава работниот ден во РТС се одвива нормално, пред влезот е расчистено, останати се само плакатите со имињата на 15 жртви кои загинаа при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Сега српските студенти се спремаат за големиот протест на 15 март во Белград. Од цела Србија нивните колеги се тргнати пеш за да стигнат на датумот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Самоорганизовани ученици Математичке гимназије (@mg_blokada)

Претседателот на државата, Александар Вучиќ, за тој ден предвидува големо насилство и најавува апсења, но од ЕУ порачуваат дека темелните вредности „се во сржта на нашиот заеднички европски проект и треба да се почитуваат“.

Претставниците на ЕУ потврдуваат дека внимателно ја следат актуелната внатрешно-политичка ситуација во Србија и големата мобилизација на студенти и други групи, пишува Радио Слободна Европа.

Запрашани да ги коментираат наводите на претседателот Вучиќ дека Западот стои зад „обоената револуција“, како што ја нарекува мобилизацијата на студентите и граѓаните во Србија, претставниците на ЕУ потсетуваат дека „на дезинформациите и политичката реторика, вклучително и против ЕУ и земјите-членки, немаат место на патот кон интеграција во ЕУ“.

А, веќе неколку дена пред српското претседателство со шатори престојуваат група студенти кои се нарекуваат „Студенти 2.0“. Околу паркот е подигната и ограда поради што е невозможно да се дојде до нив. Тие бараат прекин на блокадата и продолжување на наставата на факултетите, во средните и основините училишта.  „Книги, браќа мои, книги, а не пленуми и транспаренти“, пишува на нивниот транспарент.

 

15 март Белград плакати РТС Србија студенти студенти 2.0
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.