Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши НАТО Самитот во Лондон: Алијансата „преживеа“ и покрај навредите и обвинувањата

0
By Нова ТВ on December 5, 2019 СВЕТ
Фото: voanews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на земјите-членки на НАТО успеаја да ги надминат јавните навреди и да објават дека остануваат обединети против заедничката закана од Русија и да се подготват за растечката Кина.

Претставниците на НАТО инсистираат дека самитот во Лондон бил успешен: особено фактот што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се повлече од заканата да ги блокира плановите за одбрана на балтичките држави доколку сојузниците не се согласат да ги прогласат курдските борци во Сирија за терористи.

Но, самитот започна и заврши со скандали – изненадувачки дури и во ерата на Доналд Трамп кој на доаѓање ги нарече коментарите на францускиот претседател „гадни“, и си замина со опис на канадскиот премиер како „дволичен“.

„Успеавме да ги надминеме несогласувањата и да продолжиме да ја исполнуваме нашата основна задача за меѓусебна заштита и одбрана“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на завршната прес-конференција.

Во заедничката декларација, 29 лидери на Алијансата соопштија дека „руските агресивни акции претставуваат закана за евро-атлантската безбедност; тероризмот во сите негови форми и манифестации останува постојана закана за нас“.

И покрај кавгите, од НАТО велат дека биле донесени важни одлуки, меѓудругите и договор за заштита на комуникациите, вклучително и за новите 5Г мобилни мрежи. Американскиот претседател Трамп особено инсистираше да се забрани опремата за 5Г на кинескиот Хуавеи.
Франција и Германија добија поддршка за барањето да се направи стратешки преглед на мисиите на НАТО, и анализа за стратешко репозиционирање на Алијансата која треба да ја изработи група на експерти.

Лондон НАТО Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.