Со повик до власта за исполнување на барањата на опозицијата во рок од шест дена заврши вечерашниот собир „Еден од пет милиони“ во Белград. Во спротивно, седмиот ден е најавено дека ќе биде организиран уште поголем протест во српскиот главен град.
Последни на протестот говореа лидерите на опозицијата кои бараат формирање на заедничка комисија на Владата и опозицијата за дефинирање на фер и чесни изборни услови, изборот на нов состав на Регулаторното тело за електронски медиуми и изборот на технички и уреднички тим на Радио-Телевизија на Србија и Радио Телевизија Војводина
Според, Зоран Живковиќ на протестот, кој мина мирно без инциденти, присуствувале 35.000 лица и окарактеризиран е како најголем по оној на 5 октомври. Власта пак тврди дека на денешниот протест имало околу 7.500 луѓе.