Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Зборувам на јазикот на мојот другар“: Над 1.100 ученици на курсеви по немајчин јазик

0
By Нова ТВ on March 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 1, 2020 12:10

Во 11 скопски средни училишта од утре започнува реализацијата проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“, како една од главните активности на Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост. Како што соопшти Град Скопје, во рамките на овој проект ќе бидат реализирани бесплатни тримесечни курсеви за изучување на македонскиот, албанскиот и турскиот јазик наменет за учениците и наставниците чиј мајчин јазик е различен од оној на избраниот курс.

„Со посета на курсевите, учениците ќе имаат можност да стекнат основни познавања на јазикот на кој зборуваат нивните соученици што ќе придонесе за нивна јазична социјализација. За оваа активност интерес пројавиле вкупно 1.173 ученици и 69 наставници. Од нив, 769 ученици (поделени во 20 групи) ќе следат курс за изучување на македонскиот јазик, 224 ученици и 69 наставници (во 15 групи) ќе посетуваат курс по албански јазик и 180 ученици (во 13 групи) ќе го следат курсот по турски јазик“, се додава во соопштението.

Курсевите ќе бидат логистички и финансиски поддржани од страна на Град Скопје, ќе ги држат наставници вработени во средните училишта, а ќе се реализираат во училиштата „Здравко Цветковски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“, „Арсени Јовков“, „Панче Караѓозов“, „Боро Петрушевски“, „Зеф Љуш Марку“, „Јосип Броз Тито“, „Димитар Влахов“, „Георги Димитров“ и „Браќа Миладиновци“.

„Во останатите училишта на Град Скопје, вакви курсеви предвидено е да бидат организирани во првото полугодие од наредната учебна година. Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост 2019-2014 беше усвоена од страна на Советот на Град Скопје кон крајот на минатата година со цел унапредување на меѓуетничката кохезија кај младите во духот на градењето на едно општество за сите како еден од стратешките приоритети на нашата држава, се нагласува во соопштението на Град Скопје.

јазик Курсеви проект Скопје средни училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.