Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на Фејсбук објави дека ја напуштил Клиниката за инфективни болести и дека со неговото семејство се дома и, како што вели, живи и здрави. Тој притоа се заблагодари на докторите и на медицинскиот персонал од Клиникатата кои биле со нив, како што вели, во најтешките времиња и 24 часа во служба на хоспитализираните пациенти.
Порачува и дека само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која минува општеството, со свест и совест, може да се спасиме себеси, блиските и други недолжни луѓе.
„Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да мине низ тоа што го минав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател. На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сè уште имаат несериозен пристап кон Ковид-19, сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат“, напиша Зекири на Фејсбук.