Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски е на европска турнеја, заедно со Макрон патува на самитот на ЕУ во Брисел

0
By Соња Крамарска on February 9, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја напушти земјата по втор пат од почетокот на војната – по посетата на Велика Британија и Франција каде вечераше со Макрон и Шолц зад затворени врати, денеска ќе зборува во Брисел. Една од темите за кои се разговараше во Лондон беше барањето на Киев за помош во борбени авиони. Во исто време, сојузниците најавуваат испорака на тенкови во Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон заедно ќе отпатуваат на самитот на ЕУ, што денеска се одржува во Брисел, соопштија од кабинетот на Макрон. Зеленски вчера ја започна мини турнејата низ европските метрополи со цел да ги охрабри лидерите на ЕУ да одобрат поголема помош за Украина во вооружување и за брз почеток на преговорите за членство на Киев во Унијата, објави Ројтерс.

Франција цврсто стои до Украина и ја следи во победата, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, кој синоќа во Елисејската палата го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски. Не смее да и се дозволи на Русија да победи во војната против Украина, рече Макрон, пренесува Ројтерс. Според информациите, францускиот претседател изјавил дека ќе разговара за потребите на Киев со Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Британскиот премиер Риши Сунак тврди дека „ништо не е надвор од маса“ кога станува збор за воена помош за Украина. По вчерашната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Сунак потврди дека тема на нивниот разговор биле борбените авиони. „Тоа е процес. Потребно е извесно време. Ние го започнавме тој процес вчера. Тоа е затоа што сакаме да го поддржиме претседателот и неговата земја во постигнувањето победа. Ништо не е надвор од масата“, додаде тој.

Западните партнери би можеле да го испорачаат првиот баталјон борбени тенкови Леопард 2 на Украина во првите три или четири месеци од оваа година, изјави вчера германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на неговата посета на Полска.

„Би можеле да испорачаме најмалку еден тенковски баталјон во првите четири месеци од оваа година, а можеби и во првите три месеци“, рече Писториус и прецизираше дека првиот испорачан баталјон ќе вклучува 31 тенк, пренесува Ројтерс.

Премиерот на Португалија, Антонио Коста изјави дека е започната поправка на неколку тенкови „Леопард 2“, кои ќе бидат испорачани во Киев, пренесува Ројтерс. Коста изјави дека Лисабон ќе достави три такви тенкови во Киев следниот месец.

Володимир Зеленски европска турнеја Емануел Макрон Риши Сунак самит во Брисел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.