Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Русија планира да распореди меѓу 30.000 и 50.000 севернокорејски војници

0
By Zoran Ivanov on August 9, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 9, 2026 10:26

Нова ескалација во воената соработка меѓу Москва и Пјонгјанг? Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија планира да распореди меѓу 30.000 и 50.000 севернокорејски војници.

Ако на почетокот се зборуваше за стотици, потоа за илјадници, сега е донесена одлука да има од 30 до 50 илјади Севернокорејци на територијата на Русија, изјави Зеленски во интервју за украинскиот телефонски маратон „Јединствене вести“.

Според украинскиот претседател, севернокорејските војници веќе стекнуваат искуство во современото војување, што Пјонгјанг би можел да го искористи во идни конфликти или кризи во Азиско-пацифичкиот регион.

Зеленски оцени дека воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја станува сè подлабока и дека Москва на Пјонгјанг му овозможува пристап до современо воено знаење, технологии и искуство од бојното поле.

Украинскиот лидер потсети и дека Северна Кореја веќе ѝ испорачувала муниција и ракети на Русија, кои биле употребени во војната против Украина. Reuters неодамна објави дека севернокорејска ракетна единица од околу 90 припадници била распоредена во руската Воронешка област, со можност за испорака на балистички ракети и лансери.

Зеленски предупреди дека зголеменото присуство на севернокорејски сили не е само прашање поврзано со Украина.

-Северна Кореја ќе стекнува сè повеќе искуство во модерното војување- порача украинскиот претседател, оценувајќи дека соработката со Москва може да има последици и за безбедноста во азискиот регион.

Во исто време, Киев бара дополнително зајакнување на соработката со Јужна Кореја, особено во областа на воздушната одбрана. Зеленски изјави дека Украина е заинтересирана и за соработка во сферата на беспилотните летала.

Доколку проценката на Зеленски за бројката од 30.000 до 50.000 севернокорејски војници се оствари, тоа би претставувало значително зголемување на директната воена поддршка на Пјонгјанг за Москва. Reuters претходно објави дека Северна Кореја веќе испратила околу 14.000 до 15.000 војници во Русија, додека дел од нив останале во областа Курск.

Москва засега не ја потврди оваа најнова проценка на Зеленски.

 

војници Зеленски Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.