Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир

0
By Zoran Ivanov on January 16, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 16, 2026 18:55

Украински преговарачи патуваат во САД за да ги разјаснат условите за потенцијален мировен договор со Русија, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски, по забелешките на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кијив го попречува крајот на војната.

Украинскиот тим активно работи со претставници на американскиот претседател, „наспроти сè“, објави Зеленски на социјалните мрежи, додавајќи дека состаноците се планирани за наредните денови.

Делегацијата ја сочинуваат секретарот на Советот за национална безбедност Рустем Умеров, новиот шеф на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов и пратеникот Давид Арахамија.

Кијив се надева дека ќе има „повеќе јасност и за документите што веќе ги подготвивме со американската страна и за одговорот на Русија на целата дипломатска работа што е завршена“, напиша Зеленски на Телеграм.

Украинскиот лидер неодамна соопшти дека билатералниот документ со САД за безбедносни гаранции за неговата земја е „90 отсто подготвен“ за финализирање со Трамп, пренесе ДПА.

Ова следува по неколкунеделните преговори иницирани од американскиот претседател за ставање крај на војната, која почна кога рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на соседната земја во февруари 2022 година.

Американската страна разговара и со Украина и со европските сојузници, како и со Москва, но во моментов нема директни мировни преговори меѓу завојуваните страни, кои ги продолжуваат меѓусебните напади.

Руските ракетни напади и нападите со дронови врз украинските градови оставија милиони луѓе без греење или електрична енергија за време на една од најстудените зими во последните години, изјави вчера Зеленски.

Украина никогаш не била и никогаш нема да биде камен на сопнување за мирот, напиша тој на X. „Кога Украинците остануваат без струја по 20 – 30 часа поради Русија, и кога руските напади се насочени кон уништување на нашиот енергетски систем и нашиот народ, тогаш Русија е таа врз која мора да се изврши притисок, додаде тој.

 

Мир САД Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.