Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјите на ЕУ се обидуваат да ги зајакнат границите за да го намалат миграцискиот притисок

0
By Biljana on January 21, 2022 СВЕТ
Photo:BBC
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 21, 2022 17:07

Министрите за внатрешни работи на земјите од Европската унија, кои се најдоа под притисок на илегалната миграција, денеска побараа неколку акции за зајакнување и заштита на надворешните граници на блокот, јави Бета.

Министрите на Грција, Полска, Италија, Австрија и Франција, која во моментов претседава со ЕУ, учествуваа на конференција за гранична безбедност во Вилнус со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Тие рекоа дека зајакнувањето на границите на ЕУ и борбата против шверцерите со луѓе ќе ги заштити граѓаните на ЕУ и животите на мигрантите и бегалците од Блискиот Исток и Африка кои се обидуваат да стигнат до Европа преку опасните патишта.

Јохансон истакна дека пред сè, луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во нивните земји треба да бидат спречени да тргнат на пат, но и да се почитува правото на азил.

„Не треба да чекаме мигрантите да стигнат до нашите граници. Мораме да реагираме порано“, рече еврокомесарот за внатрешни работи, нагласувајќи дека превентивните активности мора да ги почитуваат правата на поединците да бараат азил.

Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински повика на промени во законот за миграција на ЕУ.

Полска и балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија се соочуваат со прилив на мигранти на нивните граници кои се обидуваат илегално да влезат во ЕУ од Белорусија.

ЕУ го обвини белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ја организира кризата со тоа што ги охрабрува мигрантите да дојдат во земјата и потоа ги носи на границата на ЕУ како одмазда за санкциите на Брисел.

ЕУ Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.