Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјите од регионот бараат владите да ги зголемат финансиите за ХИВ

0
By Менче Атанасова Точи on December 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Загрижени заради незаинтересираноста на владите во однос на финансирање за превенција и лекување на ХИВ,  владини и невладини претставници од осум земји од регионот денеска на Регионален состанок во Скопје, бараат начин за изнајдување на одржлив одговор на ХИВ.

Доколку не се смени политиката и не се изнајдат начини за финансирање по заминување на Глобалниот фонд  земјите ќе се соочат со големи човечки жртви. Од сите земји Глобалниот Фонд останува да финансира само во Албанија и Косово. Македонија и БИХ се соочуваат со недостиг на финансиски средства,а Бугарија и Романија немаат посебен буџет за ХИВ, туку се во склоп на целокупниот буџет во здравството.

„Владите треба да ги зголемат финансиите и треба да биде јасно дека доколку не се реши овој проблем, сето тоа ќе не чини  многу човеки животи“, изјави Аида Куртовиќ , заменик-претседавач на Управниот одбор на Глобалниот фонд за борба против ХИВ.

Околу 50 претставниците на Националните координативни механизми од земјите учесници, Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Албанија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Романија денес и утре бараат заеднички и координиран одговор што ќе може успешно да одговори на предизвиците кои се пред најголем дел од земјите, во моменти кога голем дел од владите не обезбедуваат доволно средства за одржување на превентивните програми. Македонија како една од најзасегнатите земји, каде што буџетот е повеќе од  преполовен по заминување на Глобалниот фонд, не испрати свој претставник на високо ниво кој би одговорил на суштинските прашања во делот на финансирањето. Затоа организаторите  на конференцијата  побараа од идната влада итно да го коригира усвоениот буџет за нерданата година.

„ Бараме идната Влада итно да го коригира буџетот и Програмата за ХИВ, како и стабилни механизми за превенција со кои ќе се спречат смртни случаи, изјави Андреј Сених, извршен директор на здружението за поддршка на луѓето со ХИВ.

Тој нагласи дека скратениот буџетот од 65 на 27 милиони денари  може да се одрази и на недостиг на терапија за болните без разлика што во моментот се врши набавка на лековите како и на бесплатните ХИВ тестирања. Не се знае до кога ќе траат залихите, нагласи Сених.

 

влади регион ХИВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.