Земјотрес со интензитет од два-три степени според Европската макросеизмичка скала, на 160 километри југозападно од Скопје и со епицентар во Албанија, е регистриран ноќеска во дваесетина минути по полноќ, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, во Валандово, во Охрид, во Штип и во Пехчево, во 00:21 часот регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 160 километри југозападно од Скопје, се вели во соопштението од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML3.5 и е почувствуван од населението особено во југозападните делови со интензитет од два-три степени според Европската макросеизмичка скала.