Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер ја погоди денеска Албанија, a бил почувствуван и во Црна Гора.

Епицентарот на силниот земјотрес, кој се случи во 4 часот и 19 минути по локално време, бил во близина на границата на Албанија со Црна Гора, 11 километри источно од Подхум, пренесуваат црногорските медиуми.

Секторот за сеизмологија при Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопштил дека во епицентралното подрачје земјотресот бил од петти степен на Меркалиевата скала.