Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утрово, во 5:09 часот е почувствуван околината на Охрид и на Струга.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 114 километри југозападно од Скопје и потекнува од Охридското епицентрално подрачје. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 3,4 степени.