Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјотрес во Иран и Ирак: Бројот на загинатите е стотици луѓе

0
By Нова ТВ on November 13, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

о земјотресот со јачина од 7,3 степени што го потресе северниот пограничен регион меѓу Иран и Ирак, досега загинаа најмалку 396 лица, а повредени се повеќе од 7.000 лица.

Една иранска агенција за помош соопшти дека на 70.000 луѓе им е потребно засолниште по земјотресот, кој е еден од најголемите оваа година.

Повеќето од оние кои загинаа беа во западниот дел на Иранската провинција Керманшах, каде се одвиваат и најголем дел од спасувачките операции, објавија официјални лица за државните медиуми.

Жена со бебе е извлечена жива од под урнатините, јавија државните медиуми.

Агенцијата ИРНА објави дека досега се повредени над 5346 лица, само во Иран.

Повеќето од жртвите се од градот Сарпол-е Захаб, околу 15 километри од границата, изјави началникот на иранската служба за итни случаи, Пир Хосеин Куливанд, за иранскиот државен телевизиски канал ИРИНН.

Во Сарпол е Захаб град со околу 85.000 жители, ѕидовите на голем број висококатници се урнати, поради што голем број жители ноќта ја минале надвор на исклуително ниски температури.

Главната болница во градот е сериозно оштетена, поради што и лекувањето на стотиците повредени е отежнато, објави државната телевизија.

Штета претрпеа уште најмалку осум села, изјави за каналот шефот на Иранската организација Црвена полумесечина, Мортеза Салим.

Во некои од нив во прекин е електричната енергија и телекомуникациите.

Најголем проблем за спасувачките екипи е лизгањето на земјиштето.

Земјотресот се случи во 21:18 по локално време (18:18 СЕТ) околу 30 километри југозападно од Халабџа, во близина на североисточната граница со Иран, објави Американскиот центар за геолошко истражување.

Тој бил на длабочина од 23,2 км, што се смета за релативно плиток, а бил почувствуван во Турција, Израел и Кувајт. Иран се наоѓа на трустно подрачје и често е подложен на земјотреси.

Околу 1,8 милиони луѓе живеат во радиус од 100 километри од епицентарот, објавија ОН.

Многу домови во оваа планинска област се направени од тули и не можат да издржат силни потреси како оној вчера.

На ирачката страна, најголеми штети има во градот Дарбандикхан во курдскиот регион.

-Ситуацијата таму е многу критилна, изјави за Ројтерс, кусдкиот министер за здравство Рекват Хама Рашид.

 

 

земјотрес Ирак Иран ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.