Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жбогар: Локалните избори ќе бидат тест и за власта и за опозицијата

0
By Нова ТВ on September 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 22, 2017 12:01

Евроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека претстојните локални избори ќе бидат тест и за власта и за опозицијата. Во интервју за Телма тој вели дека „ќе има нула толеранција за какви било нерегуларности или инциденти на изборите“.

Во врска со европското знаменце на предлог законот за употреба на јазиците, што опшозицијата смета дека е поставено само за да се протурка побрзо законот, евроамбасадорот вели дека одлуката за тоа ја донела Владата.

Според него, Брисел сепак очекува конкретни промени, а не само декларативни за да се приближи Македонија кон ЕУ.

-Со доаѓањето на новата Влада се гледа ослободување на оптимизам и тоа го споделува и Брисел. Гледаме дека се навистина посветени искрено да спроведат реформи… И Прибе во извештајот забележува дека луѓето биле поотворени во оценките и коментарите… Ова создава одреден оптимизам дека  можеби ќе имаме добри вести за земјата кои долго ги очекуваме, вели Жбогар.

Според него тешко е да се предвиди дали Македонија ќе успее да започне преговори за пристапување следната година, како што најави премиерот Заев. Тој истакнува дека има очекувања и во Брисел, затоа што како што вели Жбогар, гледаат дека „Владата е подготвена за реформи, како се отворија кон соседите, прво Бугарија, а сега овие интензивни контакти со Грција“.

-Се менува атмосферата во овие односи. Ќе видиме како во наредната година ќе движат односите со реформите и со односите со соседите. Нашата цел треба да биде следната година да биде добра година, вели евроамбасадорот Жбогар во интервју за Телма.

извештај Прибе интервју локални избори реформи Самуел Жбогар Телма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.