Евроамбасадорот Самуел Жбогар на неговиот твитер налог напиша дека Северна Македонија ќе добие помош преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија (ЕУ).
„Северна Македонија ќе добие помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што вклучува пет генератори, 25 шатори, 200 душеци и 1.000 кебиња. Австрија, меѓу другите, испраќа и ракавици и средства за дезинфекција“, наведе Жбогар.
Жбогар на почеток на месецот (3 април) го потпиша финансискиот пакет вреден четири милиони евра за итни медицински потреби на Северна Македонија, како одговор на кризата со ковид-19. Помошта од ЕУ ќе биде насочена за набавка на маски, на респираторни машини, за тестови и друг вид на медицинска опрема и значителни количини на опрема за лична заштита. Таа ќе биде спроведена од УНОПС – Канцеларијата на ОН за проектни услуги.