Шпанија ќе почне со одбрана на титулата на јубилејното 40. Европското првенство во кошарка во 2017 година од романскиот град Клуж. Денешната ждрепка за завршниот турнир го смести шампионот во групата Ц заедно со селекциите на Хрватска, Црна Гора, Чешка, Унгарија и Романија. Мечевите ќе се играат во салата „Поливалента“ чиј капацитет за кошаркарски и ракометни настани е 7.300.
Србија ќе се натпреварува во групата Д во Истанбул (сала „Абди Ипекчи“, капацитет 12.200) заедно со репрезентациите на Велика Британија, Русија, Турција, Летонија и Белгија.
Во групата А („Хартвал арена“ во Хелсинки, капацитет 14.000) ќе играат Полска, Грција, Франција, Финска, Исланд и Словенија и последната група Б („Менора Мивтахим“ арена во Тел Авив, капацитет 11.000) се најдоа Украина, Израел, Литванија, Грузија, Италија и Германија. Најдобрите четири репрезентации од секоја група ќе продолжат во нокаут фазата.
Континенталното првенство догодина ќе започне на 31 август и ќе трае до 17 септември. Финалето ќе се одигра во „Синан Ердем Дом“ во Истанбул (капацитет 16.000)
Групи за ЕП 2017
Група А (Хелсинки): Полска, Грција, Франција, Финска, Исланд, Словенија
Груоа Б (Тел Авив): Украина, Израел, Литванија, Грузија, Италија, Германија
Група Ц (Клуж): Хрватска, Чешка, Шпанија, Црна Гора, Романија, Унгарија
Група Д (Истанбул): Велика Британија, Русија, Србија, Летонија, Турција, Белгија