Најмалку пет лица загинаа денеска, а повеќе од 45 се повредени кога патнички воз излета од шините во индиската држава Западен Бенгал. Сите повредени се хоспитализирани, а причината за несреќата се истражува, соопштија претставници на полицијата и железницата.
Во несреќата, 12 вагони излетале од шините, а три се превртеле.
Владата ќе обезбеди парична отштета за семејствата на загинатите и сите повредени.
Несреќите се чести на големата, но стара железничка мрежа во Индија. Државната железница има 9.000 патнички возови и превезува околу 23 милиони патници секој ден.