Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жељко Комшиќ го повика Обвинителството на БиХ да го гони Милорад Додик

0
By Sashko on December 11, 2021 ВЕСТИ
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ го повика Обвинителството на БиХ да го гони Милорад Додик, кого го нарече поттикнувач и водач на група „обединета во уништување на уставниот поредок на БиХ и поткопувањето на државните институции“, откако парламентот на Република Српска вчера усвои заклучоци со кои на владата ѝ се наложува да подготви закони за извлекување на ентитетот од уставниот поредок на Босна и Херцеговина.

НСРС го напушти Дејтонскиот договор, наведува Комшиќ, соопшти неговиот кабинет.

Комшиќ го повика Обвинителството на БиХ да покрене постапка против лицата кои донеле заклучоци во ентитетскиот парламент „кои директно го поткопуваат уставниот поредок на државата Босна и Херцеговина и го нарушуваат мирот и стабилноста во државата“.

Парламентот на Република Српска вчера ги поддржа предлозите за повлекување на согласноста на ентитетот за низа важечки закони во БиХ, кои опозицијата ги бојкотираше, предупредувајќи дека тоа доведува до нови конфликти и евентуално војна, јавија босански медиуми.

Четириесет и девет од 83 пратеници во телото гласаа за заклучоците со кои Националното собрание на РС ја повлекува согласноста за законите кои ја регулираат одбраната и безбедноста на ниво на БиХ, системот на индиректно оданочување и формирањето на Високиот судски и обвинителски совет. Заклучоците ги предложи и ги осмисли членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Собранието на Република Српска усвои заклучоци за враќање на надлежностите

Во заклучоците се наведува и дека владата на РС треба да предложи закони во период од шест месеци што ќе ги регулираат тие области на ниво на ентитет.

Една од опциите за кои се залага Додик е формирање на армијата на РС по распуштањето на Вооружените сили на БиХ, кои постојат од 2005 година.

Сите овие закони беа донесени во државниот парламент на Босна и Херцеговина, но Додик сега објаснува дека таквите закони не важат доколку Националното собрание на РС еднострано одлучи повеќе да не ги признава.

Западните сојузници се закануваат со многу силни санкции против оние што ја дестабилизираат Босна и Херцеговина, додека Русија го поддржува Додик во, како што го нарекува, „враќањето на надлежностите што и припаѓаат на Република Српска според Дејтонскиот мировен договор“, јави Ал Џазира Балканс.

Амбасадите на САД, Велика Британија, Германија, Италија, Франција и Делегацијата на ЕУ во БиХ се огласија по повод вчерашната седница на НСРС и порачаа дека заклучоците од седницата претставуваат дополнителен чекор кон ескалација. Во заедничката изјава, амбасадите истакнаа дека владата на РС мора да биде свесна дека продолжувањето на движење во слепа улица ја загрозува стабилноста на земјата.

Членовите на владејачката коалиција во РС мора да бидат свесни дека продолжувањето да се движи низ овој ќорсокак предизвикувајќи ја дејтонската рамка им штети на економските перспективи на ентитетите, ја загрозува стабилноста на земјата и на целиот регион и ја загрозува иднината на БиХ во ЕУ. Зголемените тензии и блокирање на фунионирањето на институиите ќе ги ограничи економските прилики, ќе ги одврати инвестииите и ќе го пренасочи фокусот од борбата против корупцијата“. Амбасадорите истакнаа дека лидерите во РС мора веднаш да престанат со нивната запалива реторика и да се вратат во државните институции, се вели во нивната заедничка изјава.

Се огласи и членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, кој ги осуди одлуките донесени на денешната седница. Тој го повика Обвинителството на БиХ да го заштити уставниот поредок и да покрене истрага против одговорните лица кои учествуваа на денешната седница.

„Ги повикувам институциите на Босна и Херцеговина, пред се Обвинителството на Босна и Херцеговина, да го заштитат уставниот поредок и да покренат истрага против сите одговорни за денешните настани“, нагласи Џаферовиќ.

БиХ Жељко Комшиќ Милорад Додик обвинителство регион Република Српска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.