Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерар засекогаш ќе остане икона за навивачите на Ливерпул

0
By Нова ТВ on November 25, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Борусија Дортмунд и Легија Варшава уриваа рекорди во Лигата на шампиони во вторникот, Лионел Меси во средата, Македонија во вчера претпладне се спушти за нови седум места на ранг листата на ФИФА, вечерта Интер се избламира во Лига Европа. Ова, воглавно, беа насловите што ја одбележаа оваа работна седмица на фудбалски план. Топ веста, сепак, дојде од Англија. Стивен Жерар ги закачи копачките на клин и објави крај на богатата кариера.

Ликот на Стивен Жерар ќе остане нераскинливо врзан за Ливерпул. Играчот од средниот ред на „црвените“ што себеси, примарно, се опишува како деструктор на противничката игра е трајно врежан во срцата на фановите. Особено слаба точка е на „Коп“, светски познатиот дел од трибина на фудбалскиот објект во градот на „Битлси“ што ги обединува најверните следбеници кои безрезервно ја ценеа, ценат и ќе ја ценат секоја капка пот што се браздеше по неговото лице и тело во текот на 17 години.

Фото: dailymail.co.uk.
Фото: dailymail.co.uk.

You will never walk alone

Инспирирани од тимската химна чии стихови „грмат“ на мечевите  на „Енфилд Роуд“, навивачите му порачаа „You will never walk alone“ преку социјалните мрежи и разноразните фан страници на интернет и негови лични и на клубот. Меѓу нив има статус на икона и неговите партии, асистенции и голови ќе бидат споменувани како и епското финале во Лигата на шампиони против Милан во Истанбул во 2005 година.

„Жерар, за мене, е еден од најдобрите играчи на неговата позиција. Тој има неверојатно големо влијание на теренот“, рече Роналдињо за Жерар во  2007 година кога двајцата беа номинирани за фудбалер на годината на ФИФА.

Фудбал почна да игра на деветгодишна возраст во Вистон Џуниорс во Мерсејсајд и набрзо се најде во радарот на скаутите на Ливерпул и се пресели во нивната Академија. Првиот професионален договор го потпиша на 5 ноември во 1997 година, за сениорската екипа дебитира една година подоцна. На клупски план освои три титули во англискиот Лига куп, две во ФА купот и по една во Лигата на шампиони, во Купот на УЕФА и во европскиот Суперкуп. Неисполнета желба остана тронот во Премиерлигата. Од 2007 година е во брак со Алекс Кјуран, англиски модел и моден колумнист на „Дејли Мирор“, со која има три ќерки.

Стивен Жерар со сопругата и трите ќерки

Eдинствен стрелец во финални мечеви во Лига Купот, во ФА купот, во ЛШ и во Купот на УЕФА

Првиот настап за националниот тим го забележа во 2000 година и оттогаш настапи на три европски првенства (2000, 2004 и во 2012 година) и на три светски (2006, 2010, 2014 година). Со 114 репрезентативни настапи е четврти англиски фудбалер по Питер Шилтон (125), Вејн Руни (117) и Дејвид Бекам (115). Многумина го сметаат за најдобар во неговата генерација и единствен е што успеал да биде стрелец во финалните мечеви во Лига Купот, во ФА купот, во ЛШ и во Купот на УЕФА.

„Дали тој е најдобар во светот? – Можеби не привлекувал медиско влијание како Меси и Роналдо, но јас сепак мислам дека би можел да е најдобар. Одличен е во додавањата, може да се справи со секој проблем, да одземе топка, да постигне гол. Но, најважно е што влева верба и поттикнува самодоверба меѓу играчите околу себе. Тоа не се учи, такви фудбалери се раѓаат“, е описот на Зинедин Зидан за Жерар од 2009 година.

stiven-zerar-5

Жерар, како активен фудбалер, важеше за универзалец. Најчесто беше употребуван на централната позиција во средина на теренот, а имал улоги и како втор напаѓач, офанзивен играч за врска, последен играч за врска, десен бек и десно крило. Низ годините, сепак, најмногу се востанови во средниот ред, во и околу кругот на теренот и квалитативно најмногу еволуираше и подеднакво добро одговараше на обврски во двата правца (одбрана и напад). Под водство на Рафаел Бенитез имаше улога на поддршка и на креативец на играта. Иако десната е негова посилна нога, тој знаше одлично да ја користи и левата и за асистенции и за голови.

Автобиографии посветени на негов братучед што почина во познатата трагедија на Хилсборо

Хилсборо

Како одминуваа годините се профилира во фудалер чии најсилни карактеристики беа визија, прецизни проигрувања на различна оддалеченост, напад со топка, креирање на темпо на игра на својата екипа и асистенции за гол од пристојна дистанца за напаѓачите. Технички одлично поткован, добар во воздушните дуели, со забележителни дефанзивни атрибути, интелигентен со способност за „читање“ на ривалот.

За време на својата кариера Жерар издаде две автобиографски книги, првата објавена во 2006 година, втората во 2015 година. Заедничко за двете е што завршуваат со „Јас играм за Џон Пол“, братучед на популарниот„Стиви Џи“, кој го смртно настрада во 1989 година во познатата трагедија на Хилсборо и со своите десет години беше најмлада жртва во вкупно 96 човечки загуби.

Стрелец против Македонија во Саутемптон и против Работнички на „Енфилд“

Стивен Жерар и Никола Глигоров

Во мноштвото настапи и голови во кариерата на клупски и репрезентативен план, Жерар има и против Македонија за Англија и против Работнички за Ливерпул. Со волеј го постигна израмнувачкиот гол за Гордиот Албион во 36 минута во ремито (2:2) со „црвено-жолтите“ на „Сент Мери“ во Саутемптон октомври во 202 година во квалификациите за ЕП 2004. Осум години подоцна (5 август 2010 година), реализира пенал за „црвените“ против Работнички на „Енфилд“ во квалификациите за Лига Европа.

 

Англија Кариера Ливерпул Стивен Жерар фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.