НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски денеска во СЈО ќе дава исказ за „Скопје 2014“

1
By Нова ТВ on July 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска во 11 часот е повикан на разговор во Специјалното обвинителство. Како што соопштуваат од општината, тој ќе даде исказ  во врска со проектите во ДУП „Мал Ринг“.

Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект 2Скопје 2014“, се вели во соопштението на општина Центар.

Тие потсетуваат дека по преземањето на функцијата градоначалник на општина Ценар од страна на Жерновски, беа нарачани ревизорски извештаи за проектот  коишто констатирале низа неправилности и прекршувања на законите.

Ревизорските извештаи општина Центар во 2013 година ги достави и во Јавното обвинителство, но овој предмет Обвинителството никогаш не го процесуира.

ПОД ИСТРАГА РАСИПНИШТВОТО НА БАРОКНО СКОПЈЕ

Според информациите кои пред два месеца ги објави НОВА, Специјалното обвинителство барало од општината Центар четири предмети поврзани со изградба на спомениците „Воин на коњ“, (Александар Македонски), Воин ( Филип Втори), Цар Самоил и споменикот на Методија Андонов Ченто.

Според информациите на НОВА, истражителите на СЈО ги подигнале сите материјали и докази кои се приложени во Ревизорскиот извештај на општина Центар за Скопје 2014, кој беше изготвен по стапувањето на функцијата на градоначалникот Андреј Жерновски во мај 2013 година.

Проектот „Скопје 2014“, кој навидум започна скромно, со првично најавена инвестиција од 80 милиони евра, до денес достигна над 600  милиони евра, сума која не е конечна, а од првично најавените четириесетина споменици и објекти – градот доби над 130.

Овој контроверзен и мегаломански проект го одбележува децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а негов идеен творец е поранешниот премиер Никола Груевски. Уште од почетокот „Барокно Скопје“ беше мета на критики и обвинувања дека е пералница на пари, дувло на криминал и расипништво. Во време на најголемата економска криза, Скопје 2014 не престана да се гради, а постојано беше надополнувано по принципот „Миле ми текна“.

Овие 600 милиони евра се народни пари и затоа граѓаните секој објект го идентификуваат со 40 Тамари, 20 болници, училишта и се она што беше поприоритетно да се изгради. Токму објектите од Скопје 2014 сега се мета и на „Шарената револуција“, како револт кон власта за недомаќинското работење.

Споменик – Воин на коњ

spomenik na aleksandar

Споменикот на Александар Македонски или Воин на коњ е еден од најскапите споменици во рамките на проектот Скопје 2014. Сместен е во центарот на метрополата и според официјалните документи чини  8.280.282 евра. Автор на „Воинот на коњ“ е скулпторката Валентина Стевановска на која и беа исплатени 649,000 евра за авторски хонорар, материјали, техничка поддршка, транспорт.

Споменикот беше лиен во италијанската леарница „Маринели“, единствен понудувач на конкурсот, со цена од 4.549,000 евра која била прифатена од општина Центар, за време на раководството на чело со Владимир Тодоровиќ.

Во ревизорскиот извештај на општина Центар за овој споменик пишува дека има многу неправилности во понудата од фирмата Фондериа Артистика Фердинандо Маринели сас Фиренца – Италија и таа требала да се отфрли, а постапката за јавна набавка е повторена. Исто така, според извештајот симптоматичен е хонорарот на авторката Стевановска, за чија сума нема адекватно образложение.

Споменик – Цар Самоил

Споменикот на Цар Самоил беше поставен на плоштадот во Скопје во 2011 година. Неговата цена според официјалната документација е 1.478.000 евра. Автор на споменикот е Димитар Филиповски, а го изработи италијанската уметничка галерија „Базанти“. Првичната локација му беше во непосредна близина на „Воинот на коњ“, но потоа беше дислоциран.

spomenik na samoilЦената за преместувањето на Цар Самоил, е вклучена во договорот за реконструкција на плоштадот што Град Скопје го склучи со фирмата „Трансмет“во висина од 2,5 милиони евра.

За преместување на Цар Самоил државата платила неверојатни 2,5 милиони евра на фирмата “Трансмет” на бизнисменот Сеад Кочан.

Во ревизорскиот извештај кој сега е во рацете на обвинителите од СЈО за овој споменик е констатирано дека леарницата од Фиренца “PietroBazzanti” која го добила тендерот воопшто не била регистрирана за оваа дејност. Понудата морала да биде отфрлена.

„Наместо тоа, општината Центар со понудувачот “PietroBazzanti” склучила договор за јавна набавка за изработка на споменикот на Цар Самоил за износ од 1.380.000,00 евра.“

Споменик – Методија Андонов – Ченто

Овој споменик е поставен во 2012 година, а чини 868,720 евра. И овој споменик е дело на вајарот Димитар Филиповски.

За изработка на скулптурата авторскиот хонорар е 15.000 евра, но исплатена му е сума и за други трошоци како што се: изнајмување хангар од 300 квадратни метри, за девет месеци се потрошени над 16.000 евра, за сметки за струја 2.250 евра, за соработници, по 700 евра месечно за девет месеци, за храна, кафе, пијалаци за девет месеци – 9.000 евра или вкупно 4,7 милиони денари.

spomenik na centoНо, според извештајот на Општина Центар, на Филиповски му биле исплатени вкупно 161,000 евра.

И овој споменик е доделен на изработка на италијанската фирма “PietroBazzanti”. Според ревизијата, и оваа понуда морала да биде отфрлена и постапката повторена. Наместо тоа, општината Центар со понудувачот “PietroBazzanti” склучила договор за јавна набавка за изработка на споменикот на Методија Андонов Ченто за износ од 785.000,00 евра.

Во случајот на оваа јавна набавка дополнителна забуна создава фактот што во Извештајот од Комисијата за јавни набавки стои податок дека “PietroBazzanti” понудил цена од 1.380.000,00 евра, додека пак во договорот, кој е склучен со оваа фирма, фигурира цена од 785.000,00 евра.

Воин или Филип Втори

spomenik na filipСтатуата на Филип Втори чини помалку од онаа на неговиот син, односно 4,444,000 евра. Автор на двата споменика е скулпторката Валентина Стевановска,  а нејзините модели од гипс биле излеани во бронза во леарницата „Гуастини“ во Италија. Хронолошки, по приемот на пристигнатите трудови од авторите, најдобро бил рангиран тој на Стевановска, чија идеја била една скулптура на воин со една фонтана.

„Меѓутоа, во фазата на преговарање помеѓу општината и авторот, доаѓа до драматично менување на проектот, па така од првобитната замисла, поткрепена со соодветни одлуки и друга документација, се склучува договор за изработка на монументална целина составена од четири фонтани, со голема скулптура на воин и пропратна фигуративна содржина составена од повеќе скулптури и релјефи на луѓе, коњи и лавови”, пишува во Извештајот.

Но, ако статуата требала да чини 500.000 евра, истата статуа надградена и проширена повлекла уште неколку милиони евра од нашите џебови. Па така имало договор според кој само трудот на авторката е награден со 1.500.000 евра.

Цената за лиење во Италија е 2,950,000 евра, со што крајната сума е 4,450,000 евра само за спомениците во бронза, без цената за изведба на четирите фонтани.

Според Ревизорскиот извештај и за овој споменик постапката била спротивна на Законот за јавни набавки.

„Сето тоа резултирало со незаконски дадена можност, да врз основа на непосредно договарање со авторот се исплатат огромни средства од буџетот на општината Центар.“

Сите овие документи сега се во Специјалното јавно обвинителство, кое треба да испита дали сумите кои се исплатени од буџетот на државата се веродостојни и оправдани.

Градоначалникот Центар за утре по завршување на распитот во СЈО најави и изјава за медиумите.

Жерновски СЈО Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.